Get Adobe Flash player

BMW го освежи својот X5
09.02.2010

Четири години по претставувањето на актуелната серија на Х5 на пазарот во Минхен одлучија да го обноват својот најголем теренец и да го опремат со поефикасни и почисти мотори.

bmw-x5-2010-1

Веќе навикнавме од BMW при освежување на моделите да става акцент на механиката, перформансите, опременоста и воведување на нови технологии. Додека дизајнот претрпува сосема мали измени.

Таков е случајот и со обновениот Х5. На прв поглед се чини како да нема измени во дизајнот. Дури отпосле се забележува новата предница која сега е скроена во стил на Х6 со нов преден браник и репозиционирање на светлата за магла.

Според дизајнерите на BMW поголем дел од пластичните површини е обоен во боја на каросеријата што создава оптичка илузија дека предницата е побликсу до земја и му дава подинамичен лик на теренецот. Поголемите отвори за воздух пак создаваат илузија на поголема моќност.

Мат пластичните додатоци во долниот дел на каросеријата остануваат со како заштита посебно при возење надвор од асфалт. Новина се дневните светла сега со LED технологија, а сменета е оптиката и на задните светла.

Внатре новина е најновата генерација на системот iDrive со LCD со дијагонала од 6,5 инчи, или пак, 8,8 инчи доколку во пакетот е вклучена и сателитска навигација. Покрај вртливото копче за управување системот iDrive сега располага со копчиња за директен избор на менијата и подменијата што помога во побрз пристап до различните функции.

Обновениот Х5 располага и со нов систем за автоматско регулирање на растојаниот од автомобилот пред вас, распознавање на сообраќајните знаци и систем за набљудување на сообраќајот што доаѓа од страна Side View.

Системот Side View располага со две камери сместени во предните крила кои го набљудуваат патот од лево и десно и ја прикажуваат сликата на централниот дисплеј. Ова посебно помага кога се излегува на пат од гаража или спореден пат со лоша прегледност.

Покрај Side View Х5 располага со уште еден систем наречен Surround View кој дополнително ја користи камерата за рикверц. Од BMW уверуваат дека со помош на Side View и Surround View возачот може да го протне Х5 секаде каде што го собира теренецот без да го изгребе.

За поголема безбедност и полесен пристап до информациите Х5 добива Head Up дисплеј кој што податоците ги прикажува директно на предното стакло. Од останатите безбедносни системи тука се: Adaptive Cornering Headlights – предни светла што осветлуваат во свијок и на крстопат, High Beam Assist – асистент за исклучување/вклучување на долго светло, Park Distance Control – контрола на растојанието при паркирање, Active Cruise Control со функција Stop&Go – активен темпомат, Lane Departure Warning – предупредување при напуштање на коловонза лента и Speed Limit Info – предупредување за пречекорување на максимално дозволената брзина на пат.

Моторите благодарение на новата турбо технологија, директно вбризгување на гориво и варијабилното управување со всисните и издувните вентили Valvetronic имаат за 10% пониска потрошувачка и емисија на издувни гасови.

Под хаубата на новио Х5 работат два дизели и два бензинци. Дизелската понуда почнува од 3.0 литарскиот реден шестцилиндарец турбо кој работи во xDrive30d.

Има варијабилна геометрија на турбината и максимален притисок на вбризгување на горивото од 1.800 бари. Испорачува 245 КС при 4.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 540 Nm од 1.700 до 3.000 врт/мин. Забрзува до темпо 100 за 7,6 секунди, максималната брзина е 222 km/h и во просек троши 7,4 L/100 km.

Помоќниот дизел работи во верзијата xDrive40d. Станува збор за истиот мотор со зафатнина од 3.0 литри, но со твинтурбо технологија и притисок на вбризгување на горивото од 2.000 бари.

Овој мотор испорачува 306 КС при 4.400 врт/мин и максимален вртежен момент од 600 Nm од 1.500 до 2.500 врт/мин. Спринтот до 100 km/h е 6,6 секунди, максималната брзина е 236 km/h и просечната потрошувачка 7,5 L/100 km.

Послабиот бензинец е xDrive35i со 3.0 литарски реден шестцилиндаричен твинтурбо со директно вбризгување и Valvetronic кој испорачува 306 КС при 5.800 врт/мин и вртежен момент од 400 Nm од 1.500 до 5.000 врт/мин.

До темпо 100 стигнува за 6,8 секунди и оди до максимални 235 km/h. Послабиот бензинец во просек троши 10,1 литри на 100 иаминати километри и како сите мотори во понудата ги задоволува нормите Euro 5.

Врвот од понудата е xDrive50i кај кого под хаубата работи 4.4 литарскиот V8 исто така со твинтурбо и директно вбризгување. Испорачува 407 КС од 5.500 д0 6.400 врт/мин и максимален вртежен момент од 600 Nm од 1.750 до 4.500 врт/мин.

Со овој мотор на Х5 му требаат само 5,5 секунди за да стигне од 0 до 100 km/h и оди до максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h. При тоа во просек троши 12,5 L/100 km.

Новиот Х5 ја користи најновата генерација од погонот xDrive со побрз одзив и прецизност при префрлање на вртежниот момент со што се подобрува возаната динамика на асфалт без притоа да се нарушат теренските способности на Х5.

Во нормални услови на возење распределувањето на вртежниот момент е 40:60 предна задна оска. Доколку системот забележи пролизгување тогаш моќе да го префрли вртежниот момент до 100% на една оска.

Од BMW истакнуваат дека xDrive е толку осетлив што ги предвидува ситуациите префрлајќи го вртежниот момент пред тркалото кое има послаба тракција да почне да пролизгува.

Кога при возење низ свијоци xDrive ќе препознае дека нема опасност од пролизгување, кон задната оска префрла дури 80% од вртежниот момент. На овој начин дополнително ја подобрува возната динамика. Откако Х5 ќе го мине свијокот системот повторно го враќа распределувањето на вртежниот момент на 40:60.

Без оглед на моторот снагата до сите четири тркала секогаш се пренесува преку новиот осумстепен автоматски менувач кој благодарение на минималното пролизгување на хидродинамичкиот конвертор нуди исклучително кусо време на префрлање, ниска потрошувачка и висок возен комфор.

Зголемениот комфор е обезбеден со багажникот кој сега на патниците им нуди основни 620 литри волумен или максимални 1.750 литри, или пак, по потреба трет ред седишта за превоз седумина.

Разубавениот и унапредениот X5 ќе нуди побогата опрема по цени кои не би требало многу да отскокнуваат во однос на својот претходник.

 
Get Adobe Flash player