|
Станува збор за нов американски супер автомобил кој што го носи името Dagger GT, бодеж кого го подготвува компанијата TransStar Racing и кој е спосбен да достигне максимална брзина од 480 km/h.

Зад проектот стојат поранешни експерти на NASA кои ја формирале компанијата TransStar Racing и нивна посебна специјалност покрај инженерингот е и аеродинамиката.
За да се остварат врвните достигнувања на Dagger GT секако потребен е и соодветен мотор кого го произведува независната компанија за изработка на мотори на инженерот Том Нелсон.
Тој заедно со Фил Френк, конструктор на поранешниот соборувач на брзински рекорд, автомобилот Saleen S7 се одговорни за шасијата и за механиката на Dagger GT.
Моторот што работи централно во шасијата на родстерот Dagger GT е комплетно изработен од алуминимска легура има зафатнина од 9.4 литри и 8 цилиндри во V распоред кои се напојуваат со независно секвенцијално вбризгување со по две бризглаки за секој цилиндер плус два турбо полначи.
Конфигурацијата на моторот е доволна за остварување на максимална снага од 1.300 КС кога се користи обичен безоловен бензин од 95 октани, до 2.000 КС кога се користи специјално тркачко гориво и максимален вртежен момент од 2.710 Nm.
Dagger GT заради подобар баланс има два независни резервоари за гориво кои се празнат релативно полека за 9.4 литарски V8 кога се вози нормално, додека при максимална брзина од преку 480 km/h треба да се очекува резервоарите да се испразнат за помалку од 6 минути.
Што според одговорните во TransStar е неколу минути повеќе откако ќе се стопат обичните гуми доколку не се користат специјални за соборување на брзински рекорди кои се добиваат со доплата.
Од TransStar истакнуваат дека според пресметките Dagger GT е способен да забрза од 0 до 60 mph (96 km/h) за 1,5 секунди, а тестот 0 – 60 – 0 го завршува за помaлку од 4 секунди и да достигне максимална брзина од преку 300 mph, односно преку 480 km/h.
Да може да се издржат напрегањата и вибрациите од високите брзини и моќниот мотор шасијата и каросеријата комплетно се изработени од карбон-фибер зајакнат со алуминиумски панели во облик на саќе.
На идните клиенти Dagger GT ќе им биде понуден во три различни изведби. Обична верзија за возење во редовен сообраќај. Тркачка верзија способна да учествува на трките на издржливост и луксузна верзија наречена GT-X.
Од TransStar планираат производството на Dagger GT да стартува во 2011 кога ќе бидат произведени само 5 примероци, додека следната 2012 се очекува производството да се зголеми на 10 примероци годишно.
Два примероци од првата продукција во 2011 се веќе продадени, а цената за еден стартува од 450.000 долари во САД.
Од TransStar се надеваат дека Dagger GT ќе забележи голем успех во својот сегмент посебно откако во реалност ќе биде достигнато ветувањето од преку 480 km/h, а како што ветуваат ќе биде соборен и рекордот на Нирбургринг.
|