Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Целосно откривање на европскиот Yaris - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Целосно откривање на европскиот Yaris
25.07.2011

Toyota конечно одлучи да ги открие деталите за новата генерација на Yaris која ќе се продава на пазарите во Европа. Премиерата сигурно ќе биде во Франкфурт, а стартот на продажбата од есен.

yaris-nov-1-2011-1

Досега неколку пати пишувавме за дизајнот на новиот Yaris, уредувањето на кабината квалитетот на материјалите и опременоста кои се совпаѓаат и со јапонскиот близнак Vitz.

Како што се претпоставуваше во Европа Yaris се нуди со три мотори. Најмалиот со три цилиндри и зафатнина 1.0 литри кој испорачува 69 КС при 6.000 врт/мин и 93 Nm при 3.600 врт/мин.

Спарен е со пет степен мануелен менувач и вози со максимални 155 km/h. До 100 km/h забрзува за 15,3 секунди, во просек троши 4,8 l/100 km и има емисија на јаглероден диоксид од 110 g/km.

yaris-nov-2-2011-1

Следен во понудата е 1.33 литарецот кој испорачува 99 КС при 6.000 врт/мин и 125 Nm при 4.000 врт/мин. Со него се врзуваат два менувачи. Шест степен мануелен и Multidrive S со континуиран преносен однос и можност за мануелно менување со седум предоредени степени.

Моторот по желба се испорачува и со систем Start&Stop за двата менувачи. Со него Yaris вози со максимални 175 km/h и темпо 100 лови за 11,7 секудни. Податоците важат за двата менувачи иако со Multidrive S е потежок за 40 kg.

Затоа се разликува потрошувачката. Со мануелен менувач Yaris во просек троши 5,4 l/100 km, а со плус систем Start&Stop 5,2 l/100 km. Со Multidrive S просекот застанува на 5,1 l/100 km, а со плус систем Start&Stop 5,0 l/100 km.

yaris-nov-3-2011-1

Третиот мотор што работи во Yaris е дизелот 1.4 D-4D со 90 КС при 3.800 врт/мин и 205 Nm меѓу 1.800 и 2.800 врт/мин. Вртежниот момент до предните тркала го испраќа преку шест степен менуелен или роботизиран Multimode менувач.

Роботизиранито менувач нуди потполно автоматско или мануелено менување на шест степени на пренос. Максималната брзина е идентична на 1.33 VVT-i, додека забрзувањето до 100 km/h е 10,8 секунди. Ова важи за двете изведби.

Потрошувачката е 3,9 l/100 km за мануелниот и 4,0 l/100 km за роботизираниот менувач. Системот Start&Stop не се нуди со дизелот. Сите три мотори ги задоволуваат нормите Euro 5.

yaris-nov-4-2011-1

Yaris во должина мери 3.885 mm или 100 mm повеќе во однос на актуелниот модел. Ширината останува иста или 1.695 mm, висината е смалена за 20 mm или 1.510 mm, а меѓусокиното растојание е заголемено за 50 mm на 2.510 mm.

Внатрешноста нуди посвеж дизајн, арматурат изобилува со заоблени елементи кои флуидно се вклопуваат еден во друг. Централно е поставен екран од течни кристали осетлив на допри од 6,1 инчи.

Материјалите се поквалитетни и одговараат на за класа поголем автомобил. Опременоста е богата уште од основното ниво, додека поопремените изведби добиваат нов мултимедијален систем Touch&Go.

yaris-nov-5-2011-1

Системот е врзан со навигација, камера за возење наназад, радио со CD, има конекција Bluetooth за мобилен и USB и AUX приклучоци и дава информации за возилото заедно со дијаграм за потрошувачката за последната минута, последните 15 минути и од последното стартување на моторот.

Производството ќе се одвива во погоните на Toyota во Франција, а како што споменавме на почеток продажбата е закажана за на есен. Цените сеуште не се објавуваат.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat