Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Четири варијанти на Up! во Женева - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Четири варијанти на Up! во Женева
02.03.2012

Volkswagen планира да ја рашири понудата на малечкиот Up! кој во иднина покрај верзиите со три и со пет врати ќе се нуди и како мало комерцијално возило, но ќе биде спремен и за експедиции.

vw-up-koncepti-zeneva-1-2012-1

Четирите концепти на Up! носат и соодветни имиња: Swiss Up!, Winter Up!, X Up! и Cargo Up!. Првата верзија Swiss Up! и е посветена на Швајцарија, домаќниот на салонот во Женева.

Оваа верзија е обоена во црвена боја и носи бели детали и внатрешност кои одговараат на швајцарското знаме. Седиштата се преслечени со бела кожа и алкантара и во себе содржат џебови за популарното швајцарско ноже.

Верзијата Winter Up! соодветно е обоена во бела боја со сини детали, носи пластична заштита на долниот дел од каросеријата и арките на тркалата, а боите се повторуваат и во кабината.

На кровот е поставен носач за скии и даски за сноуборд. Носачот може да носи вкупно три пара скии или четири даски за сноборд кои се поставуваат лесно, а постои можност и за заклучување на носачот заради сигурност.

Наменет за експедици каде истражувачката дејност е приоритет X Up! носи и соодветна опрема која е од исклучителна важност кога луѓето се впуштаат во вакви авантури.

На кровот е постаен специјален носач со кутија која собира се што е потребно за да се тргне во експедиција. Плус тука се и дополнителните халогенски светла и пластичната и металната заштита на каросеријата.

Товараната варијанта Cargo Up! претендира да биде новиот градски доставувач бидејќи нуди неверојатен волумен од 1.400 литри. Подвозјето е засилено и подигнато за 15 mm, а отстрането е и седиштетот на совозачот.

Така се ослободува повеќе простор за товарање дури и на повисоки предмети. Задните стакла се заменети со метал, а истото важи и за задната врата. Од сите концепти само Cargo Up! е во изведба со три врати. Нисовоста му е 426 kg.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat