Get Adobe Flash player

Citroen GQ концепт
08.03.2010

Од Citroen се очекува да претставува неверојатни дизајнерски студии за кои нема љубител на октани на планетата што не би поскал да можат да се купат и да се паркираат в гаража за секојдневно уживање.

citroen-by-gq-koncept-2010-1

Францускиот производител го претстави својот најнов концепт GQ кој е развиен со модните експерти кои работат на магазинот за мода GQ и е создаден за да стане ултимативен превоз за џентлмени.

Вистинското име на концептот е GQ by Citroen, а дизајнот е дело на дизајнерот од Citroen, Марк Лојд кој заедно со својот тим го потпишува и дизајнот на DS3.

И додека каросеријата е дело на автомобислки дизајнер за кабината се погиржил некој друг. Станува збор за модниот дизајнер и стилист за ентериери на компанијата E. Tautz, Патрик Грант и уредникот на GQ, Дилан Џоунс.

Дизајнот не е единствената карактеристика со која GQ треба да освојува. Тука е и plug-in хибридниот погон составен од 1.6 литарски бензински мотор со директно вбризгување на горивото веќе познат од соработката со BMW и електричен мотор.

Со помош на двата двигатели GQ by Citroen е способен да спринтува до темпо 100 за 4,5 секунди и да дотурка до електронски ограничени максимални 250 km/h со има емисија на СО2 од 80 g/km.

Официјалната премиера на GQ by Citroen ќе биде во тек на седмицата на посебен настан во Лондон кога ќе бидат откриени повеќе детали.

 
Get Adobe Flash player