Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Dacia Sandero по цена од 7.500 евра - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Dacia Sandero по цена од 7.500 евра
23.09.2008
dacia-sandero-2.jpgПод водството на Renault, романскиот производител на автомобили Dacia е во подем и константно ја проширува својата понуда. Најново од продукцијата е моделот Sandero.

По претставувањето на останатите пазари во Европа, Sandero конечно пристигнува и на македонскиот пазар. Планот на Renault и на Dacia e Sandero паралелно да стартува со продажба и во Македонија и во Србија, токму затоа презентацијата беше одржана во близина на Белград до каде патувавме со уште еден новитет од гамата на групата Renault-Nissan.

Станува збор за Nissan Tiida која од неодамна е достапна и на македонскиот пазар. Задвижувана од познатиот турбо дизел на Renault 1.5 dCi во изведбата со 105 коњски сили Tiida се покажа како извонреден партнер за долги патувања, но и за маневрирање низ град и спровирање низ сообраќајниот метеж. Комфорна, тивка, брза и штедлива се карактеристики кои се само еден дел од она што го нуди Tiida и за што ќе пишуваме понатаму.

Но, да се врaтиме на автомобилот кој е предмет на овој текст.

Sandero настапува со атрибути карактеристични за останатите модели на Dacia. Робустност, просторност и издржливост. Плус на ова се надоврзува и новиот дизајн свеж и допадлив.

Покрај наведените атрибути најважното кај Sandero е соодносот вложено/добиено, бидејќи кај нас ова интересно парче автомобил ќе се нуди по цена од 7.500 евра, а уверување за квалитетот дава гаранцијата од 3 години или 100.000 km која се нуди и во Европа.

Како и останатите модели од програмата на Dacia и Sandero е поставен на платформата на Renault Clio II кај која е направено повторно димензионирање на носечките склопови со цел подвозјето да се направи поробусно и поиздржливо. Причината лежи во предизвикиот од лошите Источно европски патишта, на кои им се придружуваме и ние, а со кои треба да се справува Sandero.

dacia-sandero-4.jpg










Токму поради условите во кои ќе се одвива експлоатацијата на
Sandero каросеријата е значително подигната од тлото со клиренс од 155 mm, да се потсетиме модерните теренци и SUV имаат клиренс околу 200 mm. Тука е и дополнителната заштита на подвозјето, моторот и подот на автомобилот поради кои Sandero може да се вози по различен вид на терен без опасност од оштетување.

Издржливата механика е основата на секој нов модел на Dacia, а на неа почива каросерија која не заостанува зад било кој модерен хечбек и уште на прв поглед нуди динамичност и чувство на солидност.

Предните, кон назад развлечени светла заедно со маската и браникот прават една компактна целина кој ја краси новиот беџ на Dacia. Стилски е изведен и задниот дел со вертикални светла во краевите на каросеријата меѓу кои е сместена широката задна врата која го олеснува пристапот до багажникот со волумен од 320 литри.

По желба на сопственикот на располагање е и китот SUV кој се состои од робусен преден и заден браник, страничните пластични завеси во црна боја и спојлерот кој штрчи над задното стакло. 

Дизајнот на внатрешноста и квалитетот на употребените материјали е чекор подалеку од оној на Logan. При сместувањето зад волан возачот го пресретнуваат нови инструменти чив дизајн се разликува во зависност од верзијата. Ова значи дека во повисоко ниво на опременост стрелките од тахото и бројачот на вртежи лизгаат преку бела подлога.

Нов е и дизајнот на облогите на вратите кој е далеку помодерен од оној на Logan, арматурата и централната конзола се варијација на тема, но се изработени од нови поквалитетни материјали кои го поткреваат севкупното чувство на солидност.

Под хаубата на Sandero ќе работат познатите бензинци и дизел на Renault.

Бензинците ги застапуваат моторите од 1.4 и 1.6 литри кои остваруваат 75, односно, 90 коњски сили при 5.500 врт/мин и имаат максимален вртежен момент од 112, односно 128 Nm при 3.000 врт/мин. Потрошувачката во просек изнесува 7,0, односно 7,2 литри на 100 km.

Дизелската понуда ја заокружува 1.5 dCi во две изведби со 70 и 85 коњски сили, но истата ќе биде достапна дури во 2009.

Иако хечбек Sandero воопшто не е малечок автомобил. Во должина мери 4.020 mm, широк е 1.746mm. Висината изнесува 1.534 mm додека меѓуоскиното растојание е развлечено на големи 2.588 mm. Според димензиите Sandero аттакува на класата во која настапува и сестринскиот Clio, но според цената се наоѓа во класата во која приматот го држи Chevrolet Spark.

Димензиите на каросеријата условуваат и пространа кабина во која удобно можат да се превезуваат пет возрасни патници. Простор по должина и ширина на задната клупа има подеднакво како и на предните седишта. Висината на кровот ќе ја фалат и повисоките патници.

dacia-sandero-3.jpg










Заради задоволување на стандардите за безбедност на
EuroNCAP многу внимание е посветено како на пасивната така и на активната безбедност. Тука е цврстата структура на каросеријата која нуди значителна отпорност посебно при фронтален судар, ремените со предзатегнувачи и 4 воздушни перници. Конзолата на управувачот е направена од магнезиум и во случај на судар се преклопува и со тоа ја дисперзира кинетичката енергија од сударот и не дозволува истата да дојде до возачот.

Арматурата е изработена од полиуретан со структура во облик на саќе од пчели со што се смалуваат повредите во пределот на колениците кај возачот и совозачот.

Системот за сопирање воопшто не заостанува зад било кој конкурент од западните производители бидејќи носи ABS од најновата генерација кој доаѓа од Bosch и ја носи ознаката 8.1. Системот има разделувач на силата на сопирање EBV и систем за помош при нагло сопирање AFU.

Покрај безбедноста големо внимание е посветено и на трајноста на каросеријата и на автомобилот воопшто. Шуплините на каросеријата се исполнети со восок, тука пред се се мисли на праговите и вратите, а со восок се заштитени и механичките делови од подвозјето. Изведена е и дополнителната заштита на просторот под тркалата кој најчесто страда од насобрана нечистотија и удари од каменчиња.

Sandero како и останатите модели од понудата на Dacia, Logan, Logan MCV, Logan Van и Logan Pick-Up е наменет за рационални и прагматични луѓе кои многу внимаваат на цената и на соодносот вложено/добиено, не сакаат своите пари да ги вложат во користен автомобил, а имаат потреба од поголемо возило.

За оваа група на луѓе кои кај нас веруваме дека не е мала Dacia Sandero се наметнува како одличен избор.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat