Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Дочек на новата Mercedes S Класа - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Дочек на новата Mercedes S Класа
30.09.2013

Најсовршениот автомобил како што уште го нарекуваат во светските медиуми, новата Mercedes S Класа, по прикажувањето на саемот во Франкфурт пред десетина дена, пристигна и во Македонија.

mercedes-s-klasa-mkd-1-2013-1

Новата Mercedes S Класа беше главната ѕвезда на вечерта која собра точно 100 VIP гости од цела Македонија во просториите на Мак Аутостар. За оваа прилика, салонот на Mercedes-Benz Мак Аутостар беше целосно изменет, со цел да добие лик на луксузен клуб.

Специјален гостин на вечерта кој воедно и ги забавуваше гостите беше Масимо Савиќ. Гостите уживаа во познатите хитови на хрватската ѕвезда, како дел од целовечерната програма, која инаку беше водена од актерот Висар Вишка, а сето тоа беше дополнето со специјално дизајнирана храна на Mercedes.

„Остварена визија, тоа е главниот слоган за новата S Класа. Пред точно 110 години, почнувајќи од 1903 година, Mercedes создава најлуксузни автомобили во светот. Тоа е модел кој означува супер луксуз и досега бил дел од животот на многумина претседатели, кралеви, шеици, славни личности и успешни бизнисмени. Сега го имаме најновиот модел во Македонија,“ изјави директорот на продажба на Mercedes патнички возила, Марко Јовановски.

Во досегашната историја S Класа, била носител на најновите иновации во светот на автомобилите. Новата, пак, e вистински урнек за модерно луксузно возило. Тоа претставува ексклузивна прва класа на мобилна канцеларија, но и место за уживање.

mercedes-s-klasa-mkd-2-2013-1

Седиштата поседуваат посебна функција на масажа, заснована на принципот како со вжештени камења, персонализирано осветлување и ароматизирана кабина, потоа активна вентилација на седиштата, индивидуално прилагодување на музичкиот систем во возилото, прво возило во светот кое користи целосно LED технологија, како надвор, така и внатре во возилото.

На иновациите во ова возило им нема крај, но особено е важно да се напомене и дека ова е прво возило кое ги скенира сите нерамнини на патот со помош на камера и според тоа ја прилагодува амортизација за исклучителен комфор, опција која се нарекува Magic body control.

Исто така, новата S Класа e најаеродинамично возило во својата класа, но и меѓу сите останати автомобили воопшто со неверојатно низок коефициент на отпор на воздух, кој изнесува само Cd=0,23, што значи ниска потрошувачка на гориво и емисија на штетни материи, но и ниска бучава од струењето на воздухот.

Моделот ќе се произведува во 4 различни типови: како седан во стандарднас и  долга верзија, потоа како купе и како кабрио.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat