Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Ѕвездата на Mitsubishi е во Македонија - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Ѕвездата на Mitsubishi е во Македонија
13.06.2013

Најекономичниот градски автомобил Mitsubishi Space Star пристигна и кај нас и повикува да биде возен за да ја потврди ниската потрошувачка која доаѓа како плод на врвната технологија на Mitsubishi.

mitsubishi-space-star-vozi-1-2013-1

Space Star доаѓа како наследник на Colt, a Mitsubishi го најави уште 2011 година како Mirage. Име под кое е познат и ќе се продава на останатите пазари ширум светот, додека во Европа ќе го носи името Space Star.

Моделот освојува со врвна технологија, привлечен дизајн кој му донесе трето место во изборот на Auto Bild за најубав дизајн и прво место меѓу јапонските модели. Space Star се кити и со одлична аеродинамика и висока опременост.

Лесната, а цврста каросерија изработена според новата технологија на Mitsubishi, RISE, ефикаснитте мотори, коефициентот на отпор на воздух Cd 0,27 се виновни за најниската потрошувачка во класата од просечни 4,0 l/100 km.

Оваа бројка се однесува на послабиот мотор од 1.0 литри и 71 КС опремен со систем старт/стоп. Но, ниту оние кои ќе се одлучат за 1.2 литарецот со 80 КС нема да потрошат повеќе од просечни 4,1 l/100 km.

mitsubishi-space-star-vozi-2-2013-1

Доказ за ниската потрошувачка на Space Star е и возењето на швајцарскиот пилот Феликс Еголф кој успеа да мине 100 km со просечни 3,38 l/100 km. Spаce Star e штедлив, но не на сметка на перформансите.

Со моторот 1.0 до 100 km/h стигнува за 13,6 секунди и вози со максимални 172 km/h, додека на 1.2 од 0 до 100 km/h му требаат 11,7 секунди, а максимумот застанува на 180 km/h.  

Плени и со богатата опрема. Стандардно доаѓа со програма за стабилност ASC, контрола на тракција TCS, ABS + EBD, старт/стоп системот на Mitsubishi - AS&G, 6 водушни перници, клима уред и патен комјутер со мултиинформациски дисплеј.

Тука влегува и радио CD со приклучоци USB и AUX, централна брава со далечинско, спојлер на кровот... Вака опремен основиот модел 1.0 Inform е 8.690 евра.

mitsubishi-space-star-vozi-3-2013-1

Space Star 1.2 Intense нуди плус автоматска клима, бандажи од лесен метал, светла за магла, кожа на волан и рачка од менувач, автоматско вклучување на светла и бришачи, затемнети задни стакла и отклучување/стартување без клуч.

Иако е долг само 3,71 m Space Star има изненадувачки просторна кабина каде должината на корисниот простор за седење изнесува 1.651 mm што е најмногу во сегментот. Тука се надополнува и искористливиот багажник од 235 литри.  

Богатата опрема, врвната техника и привлечната цена го прават логичен избор и го оправдуваат соодносот вложено добиено. Како доказ за штедливоста на Space Star доаѓа и поканата на застапникот Мак аутостар за натпревар за најекономично возење меѓу автомобилските новинари во државата.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat