Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Елеганција во движење: BMW 6 Gran Coupe - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Елеганција во движење: BMW 6 Gran Coupe
14.12.2011

Со Gran Coupe на серијата 6, BMW повторно е на прагот на патешествие во нов сегмент. Tретата моделска изведба на серијата 6 плени со елеганција и ја следи трагата на кабриолетот и купето.

bmw-6-gran-coupe-1-2011-1

BMW 6 Gran Coupe цели кон конкурентите од Штудгарт и од Инголштад, Mercedes CSL и Audi A7 Sportback и сака да ги привлече клиентите кои сакаат спортски автомобил полн стил, но сепак, имаат потреба од четири врати.

Дизајнот ги следи линиите на концептот и на своите покуси браќа. Разликите се сокриваат во задниот дел каде се закачени две дополнителни врати кои како и кабриолетот и купето немаат рамки на стаклата и се направени од алуминиум.

Должината од 5.007 mm, ширината од 1.894 mm и висината од 1.392 mm го претвораат BMW 6 Gran Coupe во елегантен колос чие меѓуоскино растојание мери безмалку три метри, или поточно, 2.968 mm.

bmw-6-gran-coupe-2-2011-1

Должината и меѓуоскиното растојание на 6 Gran Coupe се точно 113 mm поголеми од оние на купето и на кабриолетот потребно за да се обезбеди поголем комфор на задните седишта со изобилство место за нозе.

Багажникот е исто како и кај купето и има волумен од 460 литри што е 110 литри повеќе од оној на кабриолетот со кренат кров, но затоа е 60 литри помал од багажникот на седанот од серијата 5.

Под хауба на 6 Gran Coupe работат три мотори. Два бензинци и еден дизел. Врв на понудата е BMW 650i Gran Coupe во кого работи 4.4 литарскиот V8 твинтурбо бензинец и го испраќа вртежниот момент до сите четири тркала преку автоматикот со осум степени на пренос, кого го носат и послабите верзии, и системот xDrive.

bmw-6-gran-coupe-3-2011-1

Моторот остварува 450 КС и 650 Nm доволни за спринт до 100 km/h за 4,6 секунди и максимални електронски ограничени 250 km/h. Просечната потрошувачка е измерена на 8,6 l/100 km.

BMW 640i Gran Coupe го носи 3.0 литарскиот твинтурбо линиски шестцилиндарец со 320 КС и 450 Nm способни да го истуркаат до 100 km/h за 5,4 секунди. Кај него погонот е на задни тркала, а проесчната потрошувачка иснесува 7,7 l/100 km.

Дизелот 640d Gran Coupe исто има зафатнина од 3.0 литри шест цилиндри и турбо натполнење кое се одвива во две фази преку трубо полначот со едно тело и два ротори. Моќноста мери 313 КС, а вртежниот момент 630 Nm.

bmw-6-gran-coupe-4-2011-1

Спринтот до 100 km/h e ист како кај 640i Gran Coupe, додека потрошувачката во просек изнесува 5,5 l/100 km. Максималната брзина секако е ограничена електронски на 250 km/h.

Покрај моќните мотори возната динамика на Gran Coupe профитира и од активната шасија со динамичка контрола на придушувањето на ударите кај амортизерите и активно управување.

Опремата вклучува елементи како Head-up дисплеј во боја, аудио на Bang&Olufsen, кожен ентериер во две бои, навигација како дел од информацискиот систем ConnectedDrive, a на располагање стојат и пакетот M Sport и можноста за персонализација преку BMW Individual.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat