Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Evoque со потпис на Викторија Бекам - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Evoque со потпис на Викторија Бекам
30.08.2012

Поранешната Spice Girl и сопруга на славниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија Бекам го стави својот потпис на најмалото чедо на Range Rover, Evoque, кое така дотерано чини 125.600 евра.

rr-evoque-victoria-beckham-1-2012-1

Викторија Бекам која е креативен директор и заштитно лице на Land Rover со своите идеи учествуваше во дизајнирањето на овој специјален Evoque којшто ќе биде произведен во лимитирана серија од само 200 примероци.

Овој Evoque под кого се потпишува Викторија Бекам е лакиран во мат сива боја, акцентирана со лак црни елементи како маската, детали од браникот, бандажите од лесен метал, шкргите од страна, ретровизорите и кровот.

Кованите леснометални бандажи мерат 20 инчи и дополнително се украсени со елементи од розово злато кои се повторуваат и кај маската и кај логото. Внатре подот е прекриен со луксузниот мохер, а таванот со микрофибер.

Седиштата и страниците се преслечени во квалитетна кожа, деталите се од црно обоен фурнир, четкан алуминиум, а дел од нив се прекирени со специјална црна боја која е мека на допир.

Багажникот доаѓа исполнет со сет од четири кожни патни торби, додека упатството за употреба е сместено во рачно шиена кожна папка и секако го носи потписот на Викторија Бекам.

Моделот Land Rover го најави на салонот во Пекинг, но дури од месец ноември ќе бидат отворени списоците за нарачка.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat