Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Fiat го претстави Bravo Xtreme - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Fiat го претстави Bravo Xtreme
01.11.2012

Салонот на автомобили во Сао Паоло, Бразил му послужи на Fiat да ја претстави до сега најекстремната изведба на Bravo која следствено на појавата и перформансите го носи името Xtreme.

fiat-bravo-xtreme-1-2012-1

Прво што паѓа во очи е агресивниот стајлинг со преден браник во кого е исечен огромен отвор за воздух и има дополнително вдлабнување на спојот со хаубата за довод на воздух за разладување на интеркулерот.

Предниот браник во долниот дел добива и спојлер како насочувач на воздухот и светлечки диоди за возење дење. Светлечки диоди има и во подеднакво агресивниот заден браник во кого е вкомпониран и дифузор и две издувни цевки.

Дополнителен украс се и праговите и спојлерот на кровот кои заедно помагаат за  подобра аеродинамика и двобојните леснометални бандажи. Внатре различни се арматурата, централната конзола и четирите одделни спортски седишта.

Сето ова е увертира за 1.4 литарскиот турбо бензинец навиен на 255 КС кои се ослободуваат при 6.600 врт/мин и вртежниот момент од 332 Nm расположиви при високи 5.000 врт/мин.

Податоци за перформансите на вака навиениот Bravo нема, затоа се знае дека контролата е постигната со спуштање на подвозјето и поставување поцврсти пружини и амортизери и засилување на сопирачкиот систем.

Не е сигурно дали Fiat сериски ќе го произведува Bravo Xtremе, но факт е дека со оваа доработка моделот повторно им боде очите на автомобилските вљубеници.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat