Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Fisker со нов концепт во Франкфурт - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Fisker со нов концепт во Франкфурт
16.09.2011

Новиот концепт на Fisker кој е поставен на основата на Karma го носи името Surf и е создаден да биде некаков вид на мелез меѓу спортски автомобил и практичен комби и притоа да троши малку.

fisker-surf-1-2011-1

Сопственикот на компанијата Хенрик Фискер наведува дека новиот модел Surf влегува во сегментот каде настапува еден Ferrari FF, но за разлика од својот италијански конкурент е далеку попрактичен заради четирите странични врати.

Смерниците на дизајнот се препознатливи од Karma, нов е задникот кој носи петта врата и поголем багажник. Тука е и можноста за преклопување на потпирачите на задните одвоени седишта и преместување на преградата во багажникот.

Задникот Surf е складно вкомпониран во каросеријата со спортски акцент и делува како извајано парче, а не како конструкција од метал разиграна со детали во облик на задни светла LED, нагласени рамена и ниско задно стакло.

Дизајнот е оригинален, а продолжува и во кабината. Масивниот централен гребен се протега до задните седишта и ги вдомува сите потребни елементи заедно со големиот екран остелив на допир преку кого се управува со сите функции.

fisker-surf-2-2011-1

Под централниот гребен се сокриваат батериите заради подобра тежинска распределба. Внатрешноста е преслечена со кожа обработена според нови еколошки процеси на шкотскиот специјалсит Bridge of Weir.

Сметаме дека понатамошно опишување на дизајнот и на деталите на Surf е беспредметно и дека за визијата на Хенрик Фискер најдобро говорат фотографиите приложени во галеријата.

И погонот е познат од Karma. Во Fisker немале потреба да ја менуваат добрата и иновативна и напредна концепција. Двата електрични мотори со вкупна моќност од 403 КС и 1.300 Nm ги задвижуваат задните тркала.

Енергијата доаѓа од батерии изработени по технологија литиум-железо-фосфат со капацитет од 20 kWh, оние во Karma се литиум-јонски. Се напојуваат приклучени на стандардна електрична мрежа за 6 часа и преку вграден генератор.

fisker-surf-3-2011-1

Генераторот има моќност од 175 kW, a него го задвижува турбо бензинец од 2.0 литри со директно вшприцување на горивото кого ќе го испорачува BMW. Автономијата само со батерии е 80 km, додека бензинецот додава уште 403 km за вкупни 483 km.

Имено Fisker и BMW потпишаа договор за соработка и во иднина покрај 2.0 литарскиот турбо бензинец баварците ќе испорачуваат и други механички компоненти.

Во нормален модус Surf до 96 km/h забрзува за 7,9 секунди и вози со максимални електронски ограничени 153 КС. Во модусот Sport, Surf спринтува до 96 km/h за 5,9 секунди и вози со лимитирани 201 km/h. Тркалата се од 22 инчи.

Сопирачките се пливачки самовентилирачки дискови на брембо и ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти напред и четири клипни сопирачки клешти назад. Сопирачките се врзани со систем за регенерирање на кинетичката енергија.

Па така при сопирање реверзибилниот истем дополнително ги полни батериите и ја зголемува автонимијата на Surf. Планот е сериското производство на Surf да започне во 2013 година, а цената би стартувала од околу 86.000 евра.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat