Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Големото откривање на Skoda Octavia - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Големото откривање на Skoda Octavia
12.12.2012

Skoda официјално ја претстави третата генерација на Octaviа која вози во класа сама за себе, односно нуди простор и квалитети на седан од средна класа по цена на автомобил од компактна класа.

skoda-octavia-oficijalno-1-2012-1

Новата Octavia е поставена на платформата MQB која ја ги носи и Audi A3 и VW Golf. И покрај евидентниот раст во димензиите таа е полесна од својот претходник за цели 102 kg. Помала тежина која ветува пониска потрошувачка и подобра возна динамика.

Во должина Octavia нараснала за 90 mm – 4.659 mm, поширока е за 45 mm 1.814 mm и има меѓуоскино растојание поголемо за 108 mm – 2.683 mm. Така е добиено повеќе простор пред се на задните седишта и во багажникот.

Одзади сега има 73 mm повеќе место во пределот на колената, 26 mm кај лактите, а висината на таванот над задната клупа изнесува 980 mm. Нaраснал просторот и напред каде има 39 mm повеќе место за лактите и 8 mm за главата.

skoda-octavia-oficijalno-2-2012-1

Дизајнот е сменет во насока на новата филозофија на групацијата без драстични промени, но сепак новата Octavia делува свежо и поостро од претходникот со тесна и раширена предница во стил на Rapid.

Петата врата е задржана, а подобрен е комфорот и безбедноста со системи како автоматско паркирање, отворање и стартување без клуч, адаптивен темпомат, систем за распознавање на сообрќајни знаци, следење на лента и други.

Поставен е системот Driving Mode Selection преку кого можат да се менуваат карактеристиките на управувањето, суспензијата и одзивот на моторот. Обновен е и мултимедијалниот систем во кого сега влегува и аудио системот Canton.

skoda-octavia-oficijalno-3-2012-1

Волуменот на багажникот од досегашните 560 литри нараснал до навистина импозантни 590 литри. Ако се бара најекономичната варијанта тогаш треба да се цели кон 1.6 TDI со 110 КС кој просечно минува со 3,4 l/100 km.

Помоќниот дизел е 2.0 TDI со 150 КС, а бензинците TSI доаѓаат со зафатнина од 1.2, 1.4 и 1.8 литри сите имаат турбо натполнење и распон на моќност од 86 до 180 КС. Сите мотори имаат систем старт/стоп, а покрај рачен се нуди и DSG менувач.

Подоцна се очекува комбито и верзиите со погон на четири тркала, но од Skoda сеуште не кажуваат дали ќе го има спортистот RS.


 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat