Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Golf 4Motion влегува во игра - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Golf 4Motion влегува во игра
29.01.2013

Volkswagen официјално ја претстави седмата генерација на Golf која ја туркаат сите четири тркала преку прославениот погон 4Motion, а движечката сила е ограничена на два дизелски мотори.

vw-golf-4motion-1-2013-1

Погонот на четири тркала кај новиот Golf повторно го обезбедува системот на Haldex кој припаѓа на подобрената петта генерација, од својот претходник е полесен за 1,4 килограми, реагира многу побрзо и е значително поштедлив.

Системот е опремен со два вида заклучување на диференцијалите напред и назад. Првото е електронско заклучување на диференцијалите EDS за рамномерна распределба на вртежниот момент меѓу двете оски.

Второто исто така е управувано од електроника, но е напречно (трансферзално) заклучување на диференцијалите, познато како XDS, кое рамномерно го распределува вртежниот момент меѓу тркалата на иста оска.

Под хауба на Golf 4Motion работат два мотори дизелите 1.6 TDI со 105 КС и 2.0 TDI со 150 КС кои му овозможуваат да биде еден најштедливите модели со погон на четири тркала со просечна потрошувачка од 4,5 / 4,7 l/100 km соодветно.

Во споредба со претходникот кого го задвижуваше 2.0 TDI со 140 КС новиот Golf 4Motion е поштедлив за 15%, или 0,8 l/100 km. Менувачот е рачен со шест степени на пренос, а во игра е само изведбата со пет врати.

Оној што ќе сака да вози Golf кого го туркаат сите четири тркала на основната изведба од трите понудени пакети Trendline, Comfortline и Highline ќе мора да доплати 1.800 евра. Цената важи во Германија.


 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat