Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Renault 5 Turbo добива наследник - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Renault 5 Turbo добива наследник
27.05.2013

Renault го прикажа концептот Twin`Run и го најавува како идеолошки наследник на легендарниот Renault 5 Turbo, но се повикува и на ултимативниот R5 Maxi Turbo и на егзотичниот Clio V6.

renault-twin-run-1-2013-1

Twin`Run е чистокрвен спортист во чија основа се наоѓа просторна шасија од хром-молибден челични цевки. Околу неа е изграден целиот автомобил со мотор поставен централно, погон на задна оска и каросерија од карбон-фибер.

Во автомобилот долг 3.680 mm, широк 1.750 mm и висок 1.493 mm е поставен 3.5 литарски V6 познат од Nissan 350Z кој е навиен да испорачува 320 КС при 6.800 врт/мин и максимален вртежен момент од 380 Nm при 4.850 врт/мин.

Моторот е спарен со шест степен секвенцијален менувач на SADEV и преку задни тркала го турка 950 килограми тешкиот Twin`Run обезбедувајќи му спринт од 0 до 100 km/h за 4,5 секунди и масимална брзина од 250 km/h.

Контрола и врвна возна динамика обезбедуваат напречни триаголни водилки од кована алуминиумска легура напред и назад и амортизери на Ohlins преку кои се менуваат карактеристиките на сетапот зависно од патеката.

renault-twin-run-2-2013-1 

Сопирачката сила ја доставува техниката на AP Racing составена од пливачки вентилирачки дискови со димензии 356х32 и со шест клипни сопирачки клешти напред и 328х30 со четири клипни сопирачки клешти назад.

Бандажите од лесен метал се триделни со централно прицврстување, мерат 18 инчи и се обуени во гуми на Michelin со димензии 205/40 напред и 245/35 назад. Кабината е опремена спартански согласно намената на Twin`Run.

Возачот и совозачот седат во тркачки кади на Sparco преслечени со алкантара во сина, бела и црвена боја. Со алкантара е поставена и арматурата за да се намали одсјајот, но и воланот, вратите и таванот.

Возачаот гледа во наменски скроена табла со инструменти која ја сочинува екран од течни кристали од 5,5 инчи на кого се прикажуваат брзината, бројот на вртежи, степен на пренос, притисок на масло во мотор и менувач и притисок на горивото.

renault-twin-run-3-2013-1 

До екранот се поставени два мерачи за температура на маслото и за температура на водата за ладење. Во средина се наоѓа главниот прекинувач за исклучување на моторот и електриката во случај на незгода.

Стапалата на возачот притискаат врз педали од алуминиум, стандард за тркачки автомобили, а десната дланка манипулира со високо поставената рачка од менувачот и од хидрауличната рачна сопирачка која го олеснува блокирањето на задните тркала за полесно вртење во место.

Според рели шампионот Жан Рањоти кој во 1980-те седеше зад волaн на Renault 5 Turbo и R5 Maxi Turbo пакетот Renault Twin`Run функционира одлично, а возната динамика е доволно добра за да се нарече идеолошки наследник на славните претходници.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat