Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Иднината на Ford ја oткрива Evos - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Иднината на Ford ја oткрива Evos
01.09.2011

Ford одлучи на светската јавност да и го најави концептот Evos преку кого на салонот во Франкфурт премиерно ќе го претстави првиот глобален дизајнерски јазик во историјата на марката.

ford-evos-concept-1-2011-1

Интересно е што Ford слично го најавуваше и дизајнерскиот јазик наречен New Edge и Kinetic Design, но како што велат од марката тоа се стилови кои се карактеристични за одредени модели, а не за целата гама.

Дизајнерскиот јазик прикажан преку концептот Evos ќе важи за сите модели на Ford кои ќе бидат претставувани од 2012 година натаму. Она што е најбитно кај новиот дизајнесрки јазик е комплетно новото лице на Ford.

Него го карактеризира трапезоидната свртена наопаку, поточно ако се запазат точните геометрсики форми станува збор за стилизирана хексагонална, или шестоаголна, маска со поширокиот дел оздола.

ford-evos-concept-3-2011-1

Evos како концепт ја најавува новата генерација на компактни комбилимузини со изразено накосена задна врата преку која се нагласува исклучителна динамика за превласт меѓу конкуренцијата.

Футуристичките форми на каросеријата минуваат и во внатрешноста каде место инструменти е поставен екран од течни кристали осетлив на допир, а ист таков се наоѓа и на централниот гребен и од задната страна на предните седишта.

Во должина Evos мери 4,5 метри, широк е 1,97 метри и висок е 1,36 метри со меѓуоскино растојание од 2,74 метри. Вратите се отвораат како галебови крила и отворени целосно ја откриваат внатрешноста.

ford-evos-concept-2-2011-1

Погонот е хибриден, поточно Evos е plug-in хибрид со електромотор како движечка сила и напојување од литиум-јонски батерии, додека класичниот мотор со внатрешно сосогрување игра улога на генератор.

Инженерите на Ford успеале да пресметаат дека автономијата на Evos изнесува 800 километри, или многу повеќе од било кој друг plug-in хибрид присутен на пазарот.

Погонот е реален и ќе почне да се вградува во семејството на Focus некаде од 2013 година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat