Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Infiniti управува преку жица - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Infiniti управува преку жица
18.10.2012

Новата генерација на автомобили на Infiniti ќе биде прва на светот која сериски ќе се произведува со управувачки систем кај кого механичкиот склоп ќе биде заменет со современ електромеханички уред.

infiniti-steer-by-wire-1-2012-1

Од Infiniti наведуваат дека новиот управувачки систем којшто ќе се контролира преку жица Steer-by-wire ќе почне да се вградува веќе следната година во новите модели на компанијата.

Системот е дело на развојните инженери на матичната марка Nissan кои уверуваат дека новиот начин на управување ќе биде попрецизен и поостар, односно ќе има побрз одзив од постоечките механизми.

Основа на системот е импулс на електричен сигнал којшто од воланот до тркалата ќе патува побрзо од постоечката механичка врска. Воедно системот нема да ги пренесува вибрациите од подлогата преку воланот до рацете на возачот.

На тој начин значително ќе се подобри комфорот, а системот со помош на камера која го следи патот ќе биде во можност сам да одржува идеална линија на движење, посебно кога автомобилот се движи праволиниски.

Секако автомобилите кои ќе бидат опремени со системот Steer-by-wire сеуште ќе го носат механичкото управување кое ќе се активира во случај електромеханиката управувана од електроника да закаже.

Системот има три управувачки единици ECU, една активна и две кои стојат како резерва. Во случај активната да откаже се активираат резервните, а доколку откаже и тие посебна спојка го врзува воланот со тркалата механички како и до сега.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat