Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Jaguar ги претстави новите мотори - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Jaguar ги претстави новите мотори
24.04.2012

По најавата минатата година за нова генерација на мотори на алијансата Jaguar Land Rover, или JLR, која работи под капата на индискиот гигант Tata Motors, Jaguar конечно ги претставува.

jaguar-novi-motori-1-2012-1

Станува збор за бензински мотори еден од 3.0 литри V6 во две изведби и еден 2.0 литарски четирицилиндарец. Всушност комплетно нов мотор е само 3.0 V6, додека 2.0 I4 е познат од Range Rover Evoque, но е нов во гамата на Jaguar.

Mоторите се комплетно изработени од алуминиум имаат директно вшприцување на горивото, варијабилно управување со вентилите и систем Start&Stop. Дополнително 3.0 V6 има натполнење со механички компресор, а 2.0 I4 со трубо полнач.

Основата за 3.0 V6 е поголемиот 5.0 V8 исто така со механички компресор кој остварува 550 КС и 680 Nm. Механичкиот компресор го испорачува Roots и со него 3.0 V6 остварува 340 КС со 450 Nm или 380 КС со 460 Nm зависно од изведбата.

Моторот ќе се нуди спарен со осум степениот менувач на ZF и ќе биде поставен во моделската понуда за 2013 година за моделите XF и XJ и во спортското купе F-Type кое е најавено преку концептот C-X16.

Ова воедно кажува дека купето чија иднина до сега беше неизвезна, сепак ќе заживее како проект и најверојатно ќе се појави на пазарот во текот на следната година.

Послабата изведба на 3.0 V6 ги забрзува XF и XJ до 96 km/h за 5,7 секунди и до максимални ограничени 250 km/h, додека перформансите за помоќната верзија сеуште не се објавени.

Помалиот 2.0 I4 кој испорачува 240 КС со 340 Nm исто така е предвиден да работи во XF и во XJ со што ќе го замени постоечкиот атмосферски 3.0 V6. Со него XF и XJ ќе ловат 96 km/h за 7,5 секунди и ќе возат со максимални 240 km/h. Овој мотор кој е најлесен во понудата на Jaguar не е предвиден за купето F-Type.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat