Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Квантен скок со Zafira Tourer - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Квантен скок со Zafira Tourer
19.05.2011

Opel одлучи да ја прикаже новата генерација на Zafira далеку пред најавената светска премиера која треба да се случи на есен на салонот за автомобили во Франкфурт по што ќе стартува продажбата.

opel-zafira-tourer-1-2011-1

Од фотографиите и видеото, објавено и на YouTube каналот на Vozi!, јасно може да се забележи дека сериската верзија на Zafira не отскокнува многу од концептот кого Opel го претстави на салонот во Женева под името Zafira Tourer Concept.

Во своето претставување Opel ја најавува Zafira Tourer како возило кое прави квантен скок во поглед флексибилноста, функционалноста, ексклузивниот концепт на седење и секако атлетската силуета нагласена со уникатниот и препознатлив дизајн на предницата.

Кога е во прашање флексибилноста на кабината Zafira е пионер. Кога во 1999 година се појави првата генерација таа беше првиот ван во својата класа со седум седишта. Втората генерација која се појави во 2005 година и денес, третата генерација, само го подобрија првичниот концепт.

opel-zafira-tourer-4-2011-1

Zafira Tourer оди по стапките на своите претходници кои се продадоа во преку 2,2 милиони примероци и нуди уште полуксузно уредување со квалитетни материјали и високо ниво на опременост.

Играта со седиштата кај системот Flex7 ја опишавме кај концептот. Третиот ред седишта е сокриен во подот, а вториот ред седишта лизга по должина за 210 mm и тоа секое од трите седишта независно. Изведбата Lounge Seating System која се нуди со доплата ги раширува опциите.

Со неа надворешните седишта се движат надолжно за 280 mm, а централното може да се склопи со што се добива функицонален потпирач за раце или масичка. Така надворешните седишта можат дополнително да се приближат кон центарот на кабината за 50 mm за поголема удобност при патувањето.

opel-zafira-tourer-2-2011-1

Новата Zafira Tourer нуди гигантски багажник кој во конфигурација со пет седишта нуди волумен од 710 литри или 65 повеќе во однос на претходникот, или максимални 1.860 литри или 40 повеќе во однос на претходникот.

Zafira Tourer е поставена на сосема нова платформа која носи адаптибилна суспензија FlexRide веќе позната технолошка новина на Opel која ја користат и Insignia и новата Astra.

Новата платформа нуди меѓуоскино растојание од 2.760 mm или плус 57 mm во однос на претходникот. Трагата напред мери 1.584 mm или плус 96 mm, a назад 1.588 mm или плус 78 mm во однос на претходникот.

opel-zafira-tourer-3-2011-1

Предната оска е превземена од Insignia со McPherson опружна нога и е поставена на посебна рамка заради поглема отпорност на усукување, поголем комфор и попрецизно управување, додека одзади работи оска како кај Astra.

Надолжните краци на торзиската оска се врзани со напречни водилки кои имаат улога на стабилизатор и преку клацкалка се прицврстени на дополнителна греда на тој начин стегајќи задната оска која е прицврстена во хидраулични лежишта за дополнително придушување на вибрациите и ударите.

Така во Opel ја избегнале употребата на скапа мултилинк оска, а добиле идентични карактеристики со ослободување на многу повеќе простор во багажникот пресудно кај фамилијалните транспортери како што е Zafira.

opel-zafira-tourer-5-2011-1

На почеток под хаубата на Zafira ќе работи модернизираниот 2.0 литарски турбо дизел CDTI во три изведби со 110, 130 и 165 КС. Подоцна ќе пристигне и турбо бензинецот од 1.4 литри со 120 и 140 КС. Сите мотори имаат менувачи со шест степени на пренос кои можат да бидат мануелни и автоматски во завиност од желбите.

Zafira Tourer ќе се произведува во фабриката на Opel во Бохум во Германија и со своите 4,66 метри ќе биде најголемиот ван во понудата на марката. Како и кај останатите модели Opel нема да ги прекрати продажбите на актуелната Zafira.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat