Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Land Rover со 16 нови модели до 2020 - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Land Rover со 16 нови модели до 2020
16.11.2012

Очигледно е дека на Land Rover му оди одлично и компанијата планира да ја зголеми својата гама на модели за да може да ги задоволи различните вкусови на купувачите на глобално ниво.

land-rover-dc100-koncept-1-2012-1

 

Според главниот дизајнер на Land Rover, Џери Мекговерн, моделите на марката ќе бидат распоредени во три семејства: Луксузни – Range Rover, За слободно време – Discovery и Freelander и Практични – Defender.

Toa значи дека ќе се појават нови модели на луксузниот Range Rover, ќе има проширување на понудата на Freelander и ќе биде создадена наполно нова линија на тврдокорниот Defender.

Покрај новиот Range Rover се открива дека в година ќе се појави нова генерација, а не модернизација на Range Rover Sport. Потоа ќе се појави поголема XL верзија на Evoque и Evoque Cabrio и на крај ќе има и помала верзија на Evoque.

Во групата на Discovery и Freelander ќе се појави луксузна верзија на Discovery која ќе биде позиционирана над обичниот модел. Тука влегува и новиот Freelander кој покрај обичниот модел ќе има поголема изведба со 7 места за седење и помала на ниво на малиот Evoque.

Практичната група на Defender го вклучува актуелниот модел и новата генерација. Taa прво ќе се појави како пикап (2015 – 2016), потоа во обична изведба со 5 места за седење и долга со 7 места за седење (2016 – 2017) и на крај ќе дојде куса верзија најавена преку концептот DC100.

За да се оствари најавеното Land Rover ќе инвестира околу 10 милијарди фунти од кои 1,8 милијарди ќе бидат потрошени за новата фабрика во Кина која се гради во соработка со Chery и таму ќе се произведуваат 130.000 возила годишно од кои 60% ќе го носат беџот на Land Rover.

Ќе се обнови и фабриката во Солихил и ќе се гради нова фабрика за мотори во Стафордшир, додека екипи на универзитетите во Ворвик и Лафбро забрзано работат на развој на нови мотори на компанијата.

Целта на развојот е да се покрие 3% од светскиот пазар на возила со зголемена проодност кој во 2020 година треба да достигне продажба на глобално ниво од 22 милиони примероци.


 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat