Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Луксузен теренец за 580.000 долари - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Луксузен теренец за 580.000 долари
10.08.2012

Чудово го носи името Evade и е дело на канадската компанија Conquest Vehicles позната како производител на најдобро заштитениот луксузен теренец на планетата наречен Knight XV.

conquest-vehicles-evade-1-2012-1

Всушност Evade e неблиндирана цивилна изведба на Knight XV која е поставена на платформата на пикапот на Ford, F-550 Super Duty и е опремена со пневматска суспензија и со лесно заменливи панели на каросеријата од алуминиум и челик.

Канаѓаните откриваат дека под хауба ќе работат голем дизел и бензинец и дека погонот е постојан на четири тркала. Останатите информации околу техниката се сокриваат до официјалното претставување на моделот на есен.

Доколку се наследат моторите од Knight XV тогаш бензинецот V10 од 6.8 литри турка 326 КС и 626 Nm, a дизелот V8 од 6.7 литри испорачува 300 КС и камионски 895 Nm. И двата мотори се спарени со пет степен автоматик.

Во кабината има 2+2 места за седење. Просторот меѓу предните и задните седишта може да биде одделен со панел во кого е интегриран голем екран од течни кристали, дел од опремата се и фиоки за лаптоп и сончев кров.

Екрани од течни кристали се поставени и пред возачот и совозачот на кои се прикажуваат слики од камерите со опција за ноќно гледање напред и назад, а на располагање е и џојстик преку кого се управува со рефлекторите на кровот.

Внатрешноста која претставува една целина со багажникот има зафатнина од 11.300 литри и целосно е поставена во кожа и алкантара, а седиштата одзади можат да се местат во сите правци со помош на електромотори.

Елементите како шарките на вратите, скалилата на параговите, воланот па дури и клучот за стартување се обработени на CNC машина од полно парче не`рѓосувачки челик, а кваките на вратите од алуминиум.

Цената почнува од 579.999 долари, а остатоткот зависи од желбите на клиентот. Списокот за нарачки е отворен.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat