Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Лутиот лик на Opel Astra GTC - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Лутиот лик на Opel Astra GTC
08.06.2011

После бројни најави Opel конечно ја прикажува спортската изведба на Astra која го носи името GTC, има три врати и личи како да бришка дури и кога стои. За жал за сега се останува на фотографиите.

opel-astra-gtc-1-2011-1

Opel е дециден кога е во прашање светската премиера на Astra GTC. Таа ќе се случи на салонот во Франкфурт. До тогаш само низа фотографии со кусо видео и малку детали.

Оpel, поточно неговиот сопственик General Motors ја најавува Astra GTC како глобален модел кој низ светот покрај под беџот на британскиот Vauxhall ќе вози и под беџот на Buick.

Иако е поставен на основата на Astra со пет врати Astra GTC е сосема различен модел. Интересно е што од Opel истакнуваат дека единственото слично меѓу двата модели се кваките на вратите и дел од кровот.

opel-astra-gtc-2-2011-1

Различно е дури и меѓуоскиното растојание кое е за 10 mm подолго од она на Astra, 2.695 mm наспроти 2.685 mm. Поширока е трагата напред за 40 mm или 1.584 mm и назад за 30 mm или 1.588 mm, a автомобилот стои за 15 mm поблиску до подлогата.

Дизајнерите го нагласуваат атлетскиот настап на Astra GTC кој е евидентен и несомнено залепува од прва, додека инженерите го нарекуваат: „автомобил на возачот”, a обичната Astra: „автомобил на патниците”.

Покрај дизајнот суштиснки промени Astra GTC носи во поглед на суспензијата. Ова пред се се однесува на предните тркала кои го носат потпирањето познато од Insigna OPC кое се нарекува HiPerStrut – High Performance Strut или потпирање со високоперформансни водилки.

opel-astra-gtc-3-2011-1

Потпирањето кое е наменето за да овозможи висока возна динамика е спарено со активниот систем за контрола на шасијата FlexRide кое нуди три модуси на работа Standard, Tour и Sport.

На почеток под хаубата на Astra GTC ќе работат четири мотори од кои само еден е дизел. Тоа е 2.0 CDTI со 165 КС и 380 Nm спарен со шест степен мануелен менувач и способен да оствари спринт до 100 km/h за 8,9 секунди и 210 km/h.

Со резервоар од 56 литри и просечна потрошувачка од 4,9 l/100 km оваа верзија на Astra GTC има автономија од 1.100 километри. Бензинските мотори исто така се познати. Тука е 1.4 литарскиот турбо со моќност од 120 и 140 КС и помоќниот 1.6 литарец исто така со турбо натполнење кој испорачува 180 КС и вози со 220 km/h.

opel-astra-gtc-4-2011-1

Сите бензинци како и дизелот се спарени со шест степен мануелен менувач, а 1.4 литарците имаат и систем Start&Stop. Најмоќната изведба OPC која доаѓа од одделот Opel Performance Center се очекува дури во 2012 година.

Opel ја нуди Astra GTC во две изведби Enjoy и Sport. Списокот за нарачки е веќе отворен. Стартот на понудата е Astra GTC Enjoy 1.4 Turbo со 120 КС која чини 21.750 евра, а врвот е Astra GTC Sport 2.0 CDTI со 165 КС која чини 27.855 евра.

Покрај фотографиите во Astra GTC можете да уживате и преку видеото објавено и на YouTube каналот на Vozi!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat