Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Македонска премиера на Audi A3 и VW Golf VII - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Македонска премиера на Audi A3 и VW Golf VII
15.11.2012

Премиерно, во салонот на Porsche Makedonija, пред македонската публика беа претставени третата генерација на Audi A3 и седмата генерација на легендата меѓу компактите Volkswagen Golf.

audi-a3-mkd-vozi-1-2012-1

Секако и двата модели не се непознаница за публиката и за медиумите. За нив пишувавме при првото претставување. Но, доживувањето да се видат во живо е сосема поинакво.

Синонимот за иновативна технологија и бескомпромисна перфекција во деталите Audi A3 e олицетворение на слоганот на марката „Напредок низ техника” кон кого се надополнува модерниот дизајн крунисан со наградата „Златен Волан” и наградата за Најдобар германски дизајн во 2013”.

Чистите линии на А3 ги нагласуваат моќноста и спортскиот карактер. Поголем, а полесен од претходникот нуди исклучителна возна динамика и перформанси условени од подвозјето со мултилинк задна оска и мотори со распон на моќност од 122 до 180 КС.

Моторите се спарени со шест степен рачен менувач или со S tronic кој нуди седум степени на пренос и две спојки. Сетоа тоа  за побрзо менување, подобри перформанси и поголема економичност.

Во кабината владе минималистичкиот принцип на градба со малку, но интуитивно поставени прекинувачи на истенчената арматура која делува како да лебди. Затоа на централниот гребен се поставени командите од системот на Audi, MMI.

Јасен впечаток е дека квалитетот на секој елемент и изработката одговараат на премиум сегментот каде припаѓа А3. Како надополна доаѓаат додатоци од видот на премиум аудио систем на Bang&Olufsen или интегриран WLAN.

Секако сето тоа има и соодветна цена која за А3 почнува од 20.642 евра.

vw-golf-mkd-vozi-1-2012-1

И додека Audi A3 се шепурeше во својот дел на другата страна од продажниот центар, во салонот на Volkswagen трпеливо чекаше неговото височество Golf, како што милуваат да го наречат во Porsche Makedonija.

Седмата генерација ја продолжува успешната приказна која почна во 1974 година и денес, 38 години подоцна, седум генерации понапред и безмалку 30 милиони примероци повеќе повторно тежнее да го задржи тронот.

Детално го опишувавме во повеќе наврати, од најавата дека премирно ќе биде претставен на 4-ти септемри, преку предпремиерните сознанија за него, до премиерата и прикажувањето на концептот за новиот Golf GTI.

На почеток се нуди со два турбо бензинци 1.2 TSI со 85 КС и 105 КС и 1.4 TSI со 122 и 140 КС. Последниот има систем за деактивација на два цилиндри за пониска потрошвачка. Двата дизели се 1.6 TDI со 90 и 105 КС и 2.0 TDI со 150 КС.

Од основното ниво на опременост Golf доаѓа со елементи како што се автоматски двозонски клима уред Climatronic, кожен волан, светла за магла, колор екран осетлив на допир, читалч на картички SD и радио со CD, MP3 и AUX и 8 звучници.

Ценовниот старт е од 16.255 евра, додека за најевтиниот дизел треба да се издвојат 18.894 европски банкноти.

Audi A3

Volkswagen Golf

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat