Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Македонска премиера на Range Rover Evoque - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Македонска премиера на Range Rover Evoque
26.09.2011

Опишан како највозбудливо возило во генерацијата, со храбар и софистициран дизајн и полн паметни и иновативни технологии Range Rover Evoque ја доживеа својата македонска премиера.

range-rover-evoque-mkd-1-2011-1

Посебно горд на најновиот производ што доаѓа од неговата држава амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Кристофер Ивон, дозволи македонската премиера на Range Rover Evoque да се одржи токму во неговата резиденција.

Ова е вторпат амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија да биде домаќин на премиерно прикажување на еден автомобил. Првпат тоа се случи во 1999 година кога во Македонија беше претставен Rover 75.

Најмалот, најлесниот и најштедливиот Range Rover што некогаш е произведен стапнува и на нашите улици безмалку во исто време со остатокот од светот и тоа во полн налет. Застапникот Makkar ја нуди комплетната гама од најевтиниот модел eD4 Pure со погон напред, преку SD4 Dynamic, до најскапиот Si4 Prestige.

Раководството на Land Rover имаше храброст концептот LRX да го претвори во сериски модел кој под беџот на престижниот Range Rover ќе освојува со својот уникатен дизајн преточен во две изведби со три и со пет врати.

Дизајнерите успеале класичните дизајнерски елементи на Range Rover да ги преточат во каросерија од која зрачи динамика, моќ и престиж потребни за да се освојат нови клиенти кои никогаш претходно не размислувале за марката.

range-rover-evoque-mkd-2-2011-1

Без оглед дали се работи за купето со три врати, или пак, за попрактичната изведба со пет врати, Range Rover Evoque личи како предатор напрегнат пред скок кој чека погоден момент за напад.

Престижот посебно излегува на виделина кога ќе се отворат вратите. Тогаш пред очи се отвора нов свет создаден од храбар дизајн, внимание посветено на детали и квалитетни материјали кои ја минуваат границата и преоѓаат во луксуз.

Без оглед дали станува збор за вештачки, или природни материјали, секое парче е внимателно избрано и прошиено со двојни шевови. Па така и основните верзии освојуваат со грижата за детали, додека оние поскапите профитираат од рачно шиена кожа Oxford со премиум квалитет каква што имаат само Британците.

Како дополна на луксузното уредување доаѓаат детали како екран од течни кристали осетлив на допир од 5 или 8 инчи преку кого на лесен и брз начин се управува со функциите на автомобилот, аудиото, навигацијата...

Аудиото го испорачуваат експертите за дигитален звук Meridien и во серија доаѓа со 8 звучници и моќност од 380 W, додека како опција стои неговата помоќна варијанта од 825 W.

range-rover-evoque-mkd-3-2011-1

Предноста на дигиталната калибрација на звукот е способноста да испорача исто звучно доживување за секој патник одделно без оглед дали се вози со отворени, или со затворени прозори, или со еден отворен, еден затворен прозор.

Во понуда се три нивоа на опременост Pure, Dynamic и Prestige, а разликите не се однесуваат функционални детали и напредни технолошки системи, туку на елементи од кои зависи само нивото на престиж.

Кога се во прашање динамичките карактеристики на автомобилот, безбедносните ситеми и системите за помош на возачот се останува исто, освен кај веризијата со погон напред која нормално нема изразени теренски карактеристики.

Со комбинирање на високолигирани челик, алуминиум, магнезиум и пластика постигната е значителна заштеда во тежината, па така најлесната верзија тежи од 1.625 kg, додека онаа со погон на четири тркала од 1.700 kg.

Високата отпорност на увивање на каросеријата, независното потпирање на сите четири тркала со долг од на пружините, управувањето со електрична асистенција и ниското тежиште обезбедуваат одлична возна динамика на пат.

range-rover-evoque-mkd-4-2011-1

Големите агли на пристап и на напуштање условени од тркалата сместени во аглите и високиот клиренс ветуваат добри теренски карактеристики помогнати од системот на Range Rover, Terrain Responce.

Системот дозволува возачот да избере еден од четирите модуси во зависност од условите на терен, па така без оглед дали се вози по камења, на снег, низ песок, или кал, системот секогаш го избира оптималниот начин на пренос на моќност.

Под хауба на Range Rover Evoque во основа работат два мотори. Дизелот од 2.2 литри во две изведби еD4/TD4 со 150 КС и SD4 со 190 КС и новиот турбо бензинец од 2.0 литри Si4 кој испорачува моќни 240 КС.

Дизелите сериски се спарени со шест степен мануелен менувач, додека како опција се нуди исто така шест степен автоматик. Најмоќниот мотор во понудата бензинецот Si4 е спарен само со автоматскиот менувач.

Цените на Range Rover Evoque стартуваат од 38.000 евра за верзијата со пет врати и 39.100 евра за купето. Секако не е малку, но ништо помалку ниту смее да се очекува од еден престижен примерок на Range Rover.

range-rover-evoque-mkd-5-2011-1

Како куриозитет вреди да се спомене дека од првиот контингент од 17 возила наменети за Македонија, 15 се веќе продадени што само по себе говори за успешноста на концептот наречен Range Rover Evoque.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat