Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Македонска премиера на Toyota Auris - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Македонска премиера на Toyota Auris
07.02.2013

Повпечатлив, со понапредна техника и побогата опрема доаѓа втората генерација на Auris и го открива новото лице на марката која свртува лист и се насочува кон создавање на динамични автомобили.

toyota-auris-vozi-1-2013-1

Auris го опишавме при првото претставување кое се случи пред премиерата во Париз. Она што може да се види при првиот контакт со компактот се значително поквалитените материјали во однос на претходникот и побогатата опременост, но и попривлечниот дизајн на кабината.

Пример е основното ниво Terra кое нуди повеќе опрема од второто ниво Luna кај претходникот. Тука автоматскиот клима уред е стандард, како и електричното лумбално местење на возачкото седиште, местењето по висина на совозачкото седиште и греењето на седиштата.

Нивото Luna пак се добива со екран од течни кристали осетлив на допир од 6,1 инч на кого се прикажува сликата од камерата за возење наназад. Секако сето ова доаѓа во пакет со вообичаената електрика и електроника чие набројување би одземал премногу простор. Но и без тоа факт е дека Auris е најопремениот модел во сегментот.

toyota-auris-vozi-2-2013-1

Од технички аспект, мултилинк задната оска покрај 2.0 литарскиот дизел D4-D и хибридот Auris HSD сега се добива и кај бензинецот 1.6 со 132 КС. Кај послабите мотори дизелот 1.4 D4-D со 90 КС и бензинецот 1.33 со 99 КС назад работи торзиска оска.

Сите мотори стандардно се спарени со шест степен рачен менувач освен Auris HSD кој заради природата на хибридниот погон превземен од Prius користи менувач со континуиран преносен однос CVT.

Интересно, кај хибридот без оглед на батериите багажникот останува ист како во обичните изведби со волумен од 360 литри. Ценовниот старт е од 14.990 евра за 1.33 Terra, дизелот 1.4 почнува од 16.990 евра додека за хибридниот Auris HSD треба да се издвојат 22.490 евра или 3.000 евра помалку од најевтиниот Prius.


 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat