Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Маркионе го поддржува законот за 54,5 милји - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Маркионе го поддржува законот за 54,5 милји
04.08.2011

Шефот на Fiat и на Chrysler, Серџо Маркионе на семинарот 2011 CAR Management Briefing кој се одржа во САД истакна дека наполно го поддржува законот за 54,5 милји кој се воведува во САД во 2025 година.

dodge-charger-srt8-1-2011-1

Маркионе во своето излагање прво изјави дека е сосема задоволен од одлуките на комплетното раководство на Chrysler и применетите мерки кои осуловиле марката да го врати државниот заем 6 години порано од предвидениот рок.

Според него соединувањето на американскиот гигант и Fiat оди сосема според планот и во моментот нема потреба од носење на одлуки кои би го пореметиле веќе започнатиот тек на позитивни промени.

Законот на американските власти кого производителите на автомобили го нарекуваат 54,5 милји е нешто што американците требале да го направат многу порано наведува Маркионе.

Тоа значи дека во 2025 година новите автомобили треба да можат да изминат 54,5 милји со еден галон, 3,78 литри, гориво, или преведено според европските стандарди тоа одговара на 4,3 литри на 100 изминати километри.

Маркионе потврди дека моделите на Chrysler ќе можат да ги достигнат нормите од новиот закон бидејќи за тоа има уште цели 14 години што е доволно време да се остварат бараните резултати.

Како пример тој ја наведува актуелната состојба со потрошувачката каде новиот Chrysler 300 уште сега минува 31 милја со галон што е еквивалент на 7,6 l/100 km. Маркионе го даде своето мислење и за производството во Кина.

Факт е дека во следните години Кина и тамошното производство на автомобили ќе биде главен фактор во автомобилската индустрија.

Маркионе наведува дека ако производството во Кина продолжи со ова темпо тогаш сите светски производители на автомобили ќе се сретнат со сериозен проблем дури ако кинезите извезуваат само 10% од својата продукција.

И покрај поддршката на законот за 54,4 милји Маркионе сеуште останува на мислењето дека електромобилите се само фрлање пари во ветар без било каква економска логика.

Затоа можеби неговиот избор за секојденвно превозно средство е Dodge Charger SRT8 со 6.4 литарски V8 HEMI под хауба кој кон задните тркала испраќа 470 КС и вртежен момент од 637 Nm.

Менувачот е автоматски со пет степени на пренос и модус за мануелно менување со палки зад волан, а диференцијалот е самозаклучувачки. Тркалата мерат 20 инчи и обуени се во гуми Goodyear F1 Supercar со димензии 245/45.

Прашан зошто баш Dodge Charger SRT8 е неговиот избор Маркионе одноставно одговара: „Можеби и да не е зелен автомобил, но воопшто не е лош избор, на крај имаме цели 14 години за да може SRT да одговори на нормите”.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat