Во Волфсбург се обидуваат да ја пополнат секоја празнина
на пазарот на автомобили и повторно ја прошируваат својата понуда со уште еден
мек теренец поставен на основата на Polo.
Иако потекнува од платфромата врз која е биде поставена
следната генерација на Polo, и актуелната Seat Ibiza, и го дели неговиот
дизајн, сепак за да ги истакне своите теренски карактериситики ќе биде малку
понадуван и ќе нуди посериозен лик.
Целта на VW со теренската верзија на Polo е да се
пресретне конкуренцијата во облик нa Opel Corsa
SUV, но и нејзиниот сестрински модел со амблем Chevrolet на носот за кои сеуште молчат во General Motors.
Кога ќе се фрли поглед врз дизајнот на Polo
SUV, автомобилот многу лесно може да се замени со поголемиот Tiguan од кого дизајнерите
ги влечеле главните стилски карактеристики. Но, поради помалите димензии Polo
SUV делува некако понабиен и поподготвен да совладува терен.
Под хаубата на теренскиот Polo ќе работи
истата генерација на мотори кои и се веќе познати на публиката. Значи стартот е
бензинскиот 1.2 литарски трицилиндарец со 60 и 70 коњски сили и 1.4 литарецот
со 85 коњи. Како новина се најавува 1.2 литарецот со механички компресор и трубо
полнач TSI кој ќе испорачува околу 105 коњски сили.
Дизелската понуда ќе го вклучува новиот 1.6 литарски TDI со 75, 90
и 105 коњски сили. Покрај него ќе се нуди и постоечкиот 1.4 TDI, но само
во верзијата Bluemotion.
Polo SUV се очекува да се појави на пазарот една година по
комерцијализацијата на обичниот Polo. Тоа упатува дека
во продажните салони ќе го видиме дури во 2010.
|