Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Mercedes CLA веќе во Македонија - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Mercedes CLA веќе во Македонија
08.03.2013

Еден ден по европската премиера на најаеродинамичниот сериски автомобил на светот, Mercedes CLA, тој пристигнува во Македонија и јa чека домашната премиера која ќе се случи наскоро.

mercedes-cla-mkd-1-2013-1

Тогаш застапникот MakAutoStar ќе ги објави и цените на оваа икона на автомобилскиот дизајн по кого не лудуваат само европејците туку цел свет. Доказ се нарачките кои пристигнуваат до централата во Штудгарт и предизвикуваат слатки маки.

Нескротливиот како што милуваат да го наречат бидејќи зрачи со динамика, може да се пофали со коефициент на отпор од Cd 0,22 што е врв меѓу сериските возила и претставува репер што треба да се достигне.

Телото кое сече низ воздух како нож со леснотија го влече турбо бензинецот од 1.6 литри навиен на 122 и 156 КС во CLA 180 и CLA 200. Меѓу бензинците се сокрива уште еден бисер од мотор 2.0 литарски турбо со 211 КС во CLA 250.

Како надополнување на одличните бензинци доаѓаат дизелите CLA 200 CDI со 136 КС и 300 Nm и CLA 220 CDI со 170 КС и 350 Nm. Помоќниот остварува просек од 4,5 l/100 km и има емисија на јаглероден диоксид од 109 g/km.

Високата возна динамика е поткрепена со напредните безбедносни системи на Mercedes како ATTENTION ASSIST кој го предупредува возачот кога е уморен и  COLLISION PREVENTION ASSIST со асистенција при сопирање Brake Asisst и DISTRONIC PLUS.

Овој систем со помош на радар детектира пречка на патот го предупредува возачот и по потреба сам го сопира автомобилот при брзини до 200 km/h. Воедно одржува константно растојание од автомобилот напред.

Не е се во безбедноста има и во забавата. Затоа мултимедијалниот систем дозволува целосно интегрирање на смарт телефон или iPhone, гласовна контрола, Glympse лоцирање во реално време, Facebook, Twitter, интернет радио и навигациски систем 3D со фукција Street View.


 

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat