Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Mitsubishi ги прикажа теренските гени - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Mitsubishi ги прикажа теренските гени
01.04.2013

Дожд и кал измешани со адреналин е кусиот опис на настанот „Mitsubishi off-road 2013“ кој се одржа викендов на патеката за мотокрос во Орман, во организација на Mitsubishi Motors MakAutoStar.

mitsubishi-l200-obuka-1-2013-1

Настанот имаше за цел да ги едуцира, односно да ги обучи сите оние кои седат зад волан на некој од теренците на Mitsubishi. Да ги сознаат можностите и перформансите на возилата и како истите да се користат за безбедно и рационално возење.

Учесници во овој дводневен настан беа вработени од домашна телекомуникациска компанија Т-Home кои секојдневно ги користат теренците на Mitsubishi во екстремни услови, но и вработени во други компании и приватни лица.

Односно сите оние кои освен работно, возилата ги користат и за дополнително да го активираат адреналинот и вистински да ја почувствува страста на возењето на терен и совладувањето на тешките предизвици.

„Кога пристигнаа и кога ја видоа патеката учесниците имаа недоверба дека истата ќе можат да ја минат со нивните возила. Но, откако ја совладаа патеката и нејзините замки со помош на инструкторите недовербата беше заменета со насмевка,” изјави познатиот рели возач, Димитрие Пеливанов.

„Најмногу ме израдува коментарот: „Имавме што да научиме. Ова е искуство што долго ќе го памететиме“, завршува шефот на инструкторите Пеливанов.  

Патеката до селото Орман во близина на Скопје е долга малку преку 1 km и со својата конфигурација нуди реални екстремни услови на возење пред кои беа исправени моделите Mitsubishi Pajero и Mitsubishi L200 околу 100 учесници.

„Патеката за миг ме потсети на екстремните патишта во Латинска Америка кои често ги прикажуваат на интернет...”

„Една зима додека возев со мојот L200 се откина тежок кабел за струја и удри во кровот. Неверојатно, но возилото мина без гребнатина...”

„Моето Mitubishi L200 се качува како коза. Но, една зима ме завеа снег. Се движев со сајла закачувајќи се од дрво, на дрво. На крај заглавив. Немаше каде. Ме извлекоа со хеликоптер...”

„Сега се уверив зошто долги години Mitsubishi Pajero беше најдобар на релито Дакар. Ова е навистина тврдокорно возило...“ Беа дел од коментарите на дводневното дружење со страствените и професионални возачи на теренците на Mitsubishi.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat