Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Најмоќниот електромобил на светот - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Најмоќниот електромобил на светот
17.08.2011

Конзорциумот за бизнис каде влегуваат и повеќе универзитети во Европа, познат под името Quimera напорно работи на создавање на проекти кои се однесуваат на урбаните средини во големите градови.

quimera-aegt-1-2011-1

Ова подразбира и создавање на генерација на електрични возила, од скутери, преку мали комерцијални возила, до еден суперспортски електромобил кој во моментот успеа да се стекне со приматот „Најмоќен електромобил на светот”.

Неговото име AEGT е акроним од All Electric Grand Tourer, или електричен Грантурер, а зад него се сокрива чистокрвен тркачки автомобил кого го задвижува електрична енергија преку три електромотори.

Во моментот Quimera AEGT е прототип кој е наменет за тестирање на технологии врзани за електричниот погон. Меѓутоа плановите на одговорните од Quimera се еден ден AEGT да стане сериски производ.

Изграден е околу монокок од карбон-фибер на кого се поставени просторни рамки од челични цевки кои ги носат механичките компоненти. Каросеријата исто така е изработена од карбон-фибер, како и делови од кабината и седиштата.

Инженерите не ја наведуваат тежината на AEGT, но истакнуваат дека без оглед на димензиите од 4.800 mm должина и 2.000 mm ширина таа е многу лесна на што се должат и бесните перформанси.

Quimera AEGT е способна да улови 100 km/h од место за 3 секунди и да достигне максимални 300 km/h. Перформансите се продукт на вкупната моќност од 750 КС и максималниот вртежен момент од преку 1.000 Nm.

Електричните мотори енергијата ја добиваат од литиум-јонски батерии сместени ниско во страниците на AEGT заради подобар баланс и ниско тежиште. Колкава е автономијата и колку време е потребно да се наполнат батериите не се знае.

Од Quimera истакнуваат дека работат и на верзија со 450 КС.

Кога овој електричен суперавтомобил ќе стигне до серија од Quimera не кажуваат и се надеваат дека ќе привлечат публика прикажувајќи го официјалното видео од остварувањата на AEGT на писта.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat