Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Најмоќниот Golf со дизел
22.02.2013

Volkswagen ја прикажа најмоќната изведба на седмата генерација на Golf под чија хауба работи дизел. Станува збор за Golf GTD кого го влечат 184 КС поткрепени со соодветен визуелен настап.

vw-golf-gtd-1-2013-1

Моќната коњица доаѓа од новиот четирицилиндричен 2.0 литарски TDI чии 184 КС се остваруваат при 3.500 врт/мин, а максималниот вртежен момент од 380 Nm се ослободува меѓу 1.750 и 3.250 врт/мин.

Во споредба со претходниот Golf GTD тоа се 14 КС и 30 Nm повеќе. Погонот не е на четири, туку само на предни тркала преку шест степен рачен менувач. Со доплата се добива DSG со 7 степени на пренос.

Со рачниот менувач лутиот дизел 100 km/h лови за 7,5 секунди и достигнува 230 km/h. Ако повторно се вратиме кај претходникот ќе видиме дека нему за лов на 100 km/h му требаа 8,1 секунди, а максимумот застануваше на 222 km/h.

Притоа просечната потршувачка изнесува 4,1 l/100 km. Претходно 5,2 l/100 km. Соодветно на силината Golf GTD е опремен со стегнато спортско потпирање и леснометални бандажи од 17 инчи.

Носи и различни бараници напред со интегриран спојлер, а назад со дифузор. Тука се и аеродинамичните јасни на праговите и спојлерот на кровот. Кабината ја красат спортски седишта, педали од не`рѓосувачки челик и спортски волан.

Премиерата е закажана за салонот во Женева.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat