Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Најмоќниот сериски Golf на сите времиња - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Најмоќниот сериски Golf на сите времиња
13.09.2013

Volkswagen го претстави Golf R. Најмоќната изведба на сите времиња на оваа автомобилска икона која 100 km/h лови за 4,9 секунди благодарение на галопот на 300 разбеснети и забревтани коњи.

vw-golf-r-34-1-2013-1

За какво парче техника станува збор открива специјалниот оптички пакет кого го красат биксенон светла украсени со светлечки диоди, модификувани браници, издув со четири хромирани топа, ниски прагови и бандажи од 18 инчи.

Внатре во очи паѓаат спортските седишта со силно изразени страници, обложени во алкантара и кожа и извезено лого R. Тука се и спортскиот волан со три пречки, акцентите од карбон-фибер, педалите од не`рѓосувачки челик и амбиенталното осветлување.

Она што ги фасцинира октанските зависници се сокрива под ламарината. Моторот од 2.0 литри и турбо натполнење истискува 300 КС и 380 Nm кои преку 6 степен рачен или DSG менувач се пренесуваат до сите четири тркала.

Погонот 4Motion е дело на шведските специјалисти од Haldex и овозможува пренос на вртежниот момент кон подлогата со минимални загуби. Така се остварува импресивниот спринт од 4,9 секунди до темпо 100 со DSG менувачот.

Ако во игра е рачниот менувач времето за лов на „стотка” се продолжува на 5,1 секунда. Подвозјето е спортско и го поставува Golf R 20 mm поблиску до асфалтот од обичниот Golf и 5 mm поблиску од Golf GTI.

Нуди три режими на работа: Comfort, Normal и Sport. Управувањето има варијабилен преносен систем кој дозволува менување на правецот со мало свртување на воланот, a соприачките мерат 340 mm напред и 310 mm назад.

Техниката лесно го претвора Golf R во најмоќниот Golf во 40 годишната историја на моделот и ги мами октанските зависници да ги пополнат списоците за нарачка пред стартот на продажбата.

 

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat