Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Најмоќното сериско Polo на сите времиња - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Најмоќното сериско Polo на сите времиња
08.07.2013

Volkswagen конечно ја претстави сериската верзија на рели-монструмот Polo R WRC. Долго очекувана, оваа верзија е најлутото и најмоќното сериско Polo во 38 годишната историја на моделот.

vw-polo-r-wrc-serija-1-2013-1

Вистинскиот релист во моментот е лидер во Светскиот шампионат во рели и во негова чест Volkswagen на пазарот испраќа лимитирана серија од колекционерски вредни 2.500 примероци на серискиот Polo R WRC.

Моделот беше најавен на почетокот на годината. За него се знаеја многу малку податоци заради што беше обвиен со мистерија и за него имаше низа шпекулации како што е на пример вградување на погон на четири тркала.

Но, од Волфсбург за сега се децидни кога е во прашање погонот на четири тркала во Polo. Таква комбинација нема да има. Иако го дели името Polo R WRC има многу малку заедничко со вистинскиот релист.

Погонот е напред со електронски контролиран самозаклучувачки диференцијал, додека моторот е 2.0 литарскиот TFSI со 220 КС место 1.6 литарскиот турбо бензинец со 300 КС.

vw-polo-r-wrc-serija-1-2013-2

Потпирањето е спортско, сопирачките се моќни, а бандажите од лесен метал мерат 18 инчи во дијаметар. Сепак сето ова е далеку од она што го носи релистот.

Како и да е вака опремен Polo R WRC е за 0,1 секунда побрз од Golf GTI во спринтот до 100 km/h. Односно од место „стотка” лови за 6,4 секунди и вози со максимални 243 km/h.

Мора да се согласите дека перформансите се впечатливи за еден олку мал автомобил. Впечатлива е и цената од 33.900 евра во која влегуваат и биксенон светла, спортски седишта, сензори за дожд и светло, систем за навигација...    

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat