Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Nissan 370 Z во Македонија - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Nissan 370 Z во Македонија
20.09.2010

Еден од најпосакуваните спортски автомобили на денешницата Nissan 370 Z на задоволство на зависниците со октани во крвта и оние среќници кои ќе можат да си го дозволат пристигна во Македонија.

nissan-370-z-mkd-2010-1

Секако автомобилот е познат и автомобилските поклоници за него ги знаат и најситните детали така што нема потреба сега да досадуваме со објаснување на техничките карактеристики и слични детали.

Уште повеќе затоа што веќе пишувавме за веднаш откако Nissan ги прикажа првите официјални фотоси пред две години, потоа го најавивме тјунинг пакетот кој доаѓа од фабричкиот тјунер на Nissan, Nismo.

Cледуваше деталното претставувaње и на крај специјалната серија на Black Edition создадена за да се прослават 40 години од појавувањето на спортското купе на Nissan, легендарниот Datsun 240 Z.

Колку за потсетување Nissan 370 Z под хаубата носи 3.7 литарски V6 кој остварува 328 КС при 7.000 врт/мин и 366 Nm при 5.200 врт/мин и е способен купето долго 4.250, широко 1.845, високо 1.315 mm и тешко 1.525 kg да го забрза до 100 km/h за 5,3 секунди и да го однесе до максимални електронски ограничени 255 km/h.

Во Македонија Nissan 370 Z се нуди во најопремената варијанта Premium Pack која обезбедува ABS + EBD + NBAS, ESP + TCS, USS помош при тргнување на нагорнина, 6 воздушни перници, LSD самоблокирачки диференцијал, Start&Stop систем, Syncro Rev Control.

Понатаму леснометални бандажи од 18 инчи со гуми 225/45 напред и 245/45 назад, ксенон светла напред и LED светла назад, спојлер, хромиран издув, централна брава со далечинско, електрика на ретровизори со греење, електрика на стакла, електрика на седишта со греење.

Следат кожен ентериер, автоматски клима уред, филтер за полен, сензор за дожд, алуминиумски педали, аудио систем CD шаржер со 6 диска, 8 звучници и моќност од 240 W кого го испорачува BOSE и чив звук е специјално дизајниран за кабината на 370 Z, Bluetooth…

Nissan 370 Z со Premium Pack со мануелен менувач со шест степени на пренос стартува од 52.890 евра, додека верзијата со седум степен автоматски менувач со моќност за мануелно менување на степените со палки зад волан стартува од 55.890 европски банкноти.

Сите љубители кои сакаат во живо да го разгледаат единствениот примерок на 370 Z којшто е пристигнат во Македонија можат тоа да го сторат во салонот на застапникот на Nissan, Automotive Group, на улица Првомајска 21 во Скопје.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat