Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Нова ера во компактната класа - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Нова ера во компактната класа
29.08.2011

Агилност, просторност, динамичност, ефикасност, нови мотори, менувач со две спојки, исклучителна аеродинамика се параметри кои според Mercedes ја креваат новата B Класа над конкурентите.

mercedes-b-klasa-off-1-2011-1

Од Штудгарт се фалат дека со стартот на продажбата на В Класа почнува нова ера во сегментот каде владеат компактите и токму затоа наведените епитети ги врзуваат со новата генерација на својот компакт.

Како што пишувавме до сега новата В Класа е поставена на сосема нова платформа која ја напушта конструкцијата на двоен под, или, така наречената сендвич конструкција на подот.

Заради тоа таа е пониска од својот претходник за 50 mm, има пониско тежиште, нуди поголема стабилност, а воедно ослободува повеќе простор во кабината и во багажникот. Спуштена е и висината на седиштата за 86 mm.

Дизајнерите дополнително сакале да и поклонат визуелен идентитет на понизок автомобил со нагласување на ширината преку развлечената предна маска од која продолжуваат предните светла кои навлегуваат во предните крила.

Одзади визуелниот ефект на ширина е постигнат со рамното дно на стаклото на петата врата и исто така во ширина развлечените светла кои длабоко навлегуваат во страниците на автомобилот.

mercedes-b-klasa-off-2-2011-1

Играта на линии дизајнерите ја завршиле со двете прекршувања на ламарината кои ја разбиваат монотонијата на страниците. Иако има голема челна површина В Класа воведува нов стандард за аеродинамика во класата.

Експертите на Mercedes постигнале коефициент на отпор на воздух од Cd 0,26 што е најниска вредност во сегментот. Меѓутоа границата не застанува тука. Со избор на опционалниот пакет наречен Eco Technology вредноста се спушта на Cd 0,24 што е на ниво на E Класа Coupе репер меѓу сериските автомобили за низок коефициент на отпор на воздух.

Во кабината владеат пофлуидни, похармонични форми. Користените материјали се на ниво на поголемите модели на Mercedes заедно со завршната обработка. Исто таква е и опременоста и просторот.

В Класа се перчи со место за глава на предните седишта од максимални 1.047 mm што е меѓу најдобрите во класата, додека просторот за нозе на задните седишта мери 976 mm и ја надминува Е Класа, па дури и S Класа.

Голема варијабилност се постигнува со опционалниот пакет Easy-Vario-Plus. Тој дозволува местење на делливата задната клупа по должина за 140 mm со што се зголемува волуменот на багажникот од од 488 на 666 литри и преклопување на потпирачот на совозачкото седиште кон напред.

mercedes-b-klasa-off-3-2011-1

Под хауба работат нови бензински и дизел мотори спарени со нов мануелен и автоматски менувач со функција Start&Stop. Бензинците и припаѓаат на нова генерација мотори со нов систем за директно вшприцување на горивото претставен минатата година кај моторите V6 и V8 BlueDIRECT.

На почеток ќе се нуди бензинецот од 1.6 литри во две изведби со 122 КС и 200 Nm кај моделот В 180 и 156 КС и 250 Nm кај моделот В 200. Голема предност кај нив е испораката на максималната вредност на вртежниот момент од 1.250 врт/мин.

Дизелот од 1.8 литри е унапредена варијанта на моторот кој веќе се вградува во С, Е и S Класа со трета генерација на системот за директно вшприцување common-rail и турбо натполнење.

И тој се нуди во две изведби со 109 КС и 250 Nm кај В 180 CDI и со 136 КС и 300 Nm кај В 200 CDI. Максималниот вртежен момент кај B 180 CDI стои на располагање од 1.400 врт/мин, а кај B 200 CDI од 1.600 врт/мин.

Моторите се спарени со новиот мануелен менувач со шест степени на пренос со компактни дименизи и ниски внатрешни отпори и ниска тежина. Кој не сака да менува со рака тука е исто така новиот 7G-DCT со седум степени на пренос, со двe спојки и со мануелен и автоматски модус на работа.

mercedes-b-klasa-off-4-2011-1

Динамиката на подвозјето е постигната со нова конструкција на потпирањето на задната оска по принципот мултилинк со четири водилки по тркало, додека напред работи опружна нога од типот McPherson заради погонот на предни тркала.

Кој сака уште полута динамика може да го одбере пакетот Sport со постегнати пружини и амортизери и помасивни стабилизатори, но секако за тоа ќе мора да доплати. Тука е и новата електронска програма за стабилност ESP.

Од безбедносната опрема тука е радарскиот систем за предупредување од судир Collssion Prevention Assist и В Класа е првиот автомобил во сегментот кој го добива како стандардна опрема. Системот визуелно и преку звук го предупредува возачот доколку забележи пречка на патот.

Од останатите безбедносни системи В Класа поседува: Adaptive Headlamp Assist, Blind Spot Assist, Lane Keeping Assist, Attention Assist, Speed Limit Assist, Sign recognition, Active Parking Assist, Brake Hold Function, Hill Hold function, Linguatronic, Reversing camera, Distronic Plus.

Премиерно во компактната класа е и воведувањето на Pres-Safe системот за подготовка на автомобилот пред судар со што се постигнува поголема шанса на патниците за прeживување на несреќа.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat