Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Нова генерација Opel Combo - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Нова генерација Opel Combo
25.07.2011

Opel ja претстави новата генерација на своето лесно комерцијално возило Combo кое до сега беше поставувано на платформата на Corsa, а сега на платформата на новата генерација на Fiat Doblo.

opel-combo-1-2011-1

Со позајмување на успешниот мал комерцијалист на Fiat, по потпишувањето на договорот меѓу General Motors и Fiat  минатата година, Opel одличен доставувач со кого ќе се обиде да и се спротивстави на големата конкуренција во сегментот.

Како и оригиналот и Opel Combo се нуди во две верзии патничка и товарна со две меѓуоскини растојанија од 2.755 mm и 3.105 mm и соодветно две должини на каросеријата од 4,39 и 4,75 метри и две висини од 1,85 и 2,10 метри.

Патничките верзии можат да имаат пет или седум седишта и во зависност од должината помал или поголем основен багажник. Воедно тие добиваат две странични лизгачки врати за вториот ред седишта.

Што се однесува до товарните верзии кај нив страничните врати се добиваат по желба во зависност од потребите на идниот корисник и за нив се доплаќа. Максималниот товарен волумен зависи од верзијата.

Кусата нуди максимални 3.800 литри, а подолгата дури 4.600 литри, воедно максималната носивост е 1.000 килограми. Практичноста ја ндаполнуваат и моторите вкупно шест, од кои четири се дизели, еден бензинец и еден CNG.

Бензинецот има зафатнина од 1.4 литри и испорачува 95 КС, но кога место бензин во него согорува компримиран природен гас CNG, тогаш моќноста нараснува за 25 КС и се заокружува на сериозни 120 КС.

Дизелите почнуваат од 1.3 CDTI со 90 КС, следи 1.6 CDTI во две варијанти со 90 и со 105 КС и на крај понудата ја заокружува 2.0 литарскиот CDTI со 135 КС. Помоќните дизели и 1.4 CNG се нудат со шест степен мануелен менувач.

Пет степени на пренос имаат 1.4 и 1.3 CDTI. Воедно сите мотори освен 1.4 CNG имаат и систем Start&Stop. Продажбите во Европа се најавени за на есен кога ќе бидат објавени и цените.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat