Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Нова генерација Porsche 911 - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Нова генерација Porsche 911
19.08.2011

Porsche одлучи како неофицијална информација да ги пласира првите детали заедно со фотографиите од новата генерација на легендарниот Porsche 911 која ќе ја носи типската ознака 991.

porsche-911-991-1-2011-1

Премиерата на 991 кaко е наследник на 997 ќе се случи на претстојниот салон на автомобили во Франкфурт. Како што беше ветено од Porsche станува збор за сосема нов модел, а не еволуција на претходникот.

Она што е најголема новина е шасија и каросерија создадени од алуминиум што се случува за првпат кај моделот 911. Користењето на алуминиум помогнало да се намали тежината за 45 kg и покрај поголемите димензии на моделот.

Porsche 911 (991) во должина мери 4.491 mm, широк е 1.873 mm и висок е 1.290 mm. Димензиите укажуваат дека тој е подолг за 56 mm, поширок за 65 mm и понизок за 11 mm од актуелниот модел 997.

Поголемо е и меѓуоскиното растојание и трагата напред и назад, а намалени се превисите со што автомобилот добил на стабилност и делува далеку понабиено, побомбастично, како да е искован од едно парче метал.

porsche-911-991-2-2011-1

Секако филозофијата на дизајнот останува иста иако измените на автомобилот се значително. Комплетно новата 911-ка делува како да е исчистена од непотребни детали и за првпат има нагласено елегантна линија.

Линијата на кровот е пониска, а предните А-носачи се понакосени. Надворешните ретровизори се поставени на вратите, не во аголот на предниот носач. Светлата имаат благо сменет обилк и сосема нова оптика.

Предниот браник е покус со поголеми отвори за довод на воздух и носи светлечки диоди вградени во елементи од карбон-фибер. Одзади браникот е помасивен, а светлата се потесни и користат LED технологија.

Сега светлата не се врзани едно со друго преку хоризонтален катадиоптер во црвена боја туку стојат како независни елементи. Дополнително тука е посебното крило кое е поставено над светлата и делумно ги прекрива.

porsche-911-991-3-2011-1

Крилото е управувано од контролна електроника која дава команди за да се отвори и да се постави во посакуваниот агол во зависност од брзината. Така се подобрува аеродинамиката и стабилноста при високи брзини.

Одзади поставен зад задната оска работи легендарниот боксер со шест цилиндри. Основаната изведба има зафатнина од 3.4 литри и ослободува околу 350 КС. Верзијата Porsche 911 S има зафатнина од 3.8 литри и ослободува околу 400 КС.

Турбото пак, ќе пакува преку 550 КС, но од кој мотор ќе бидат извлечени моќните коњи сеуште не се открива.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat