Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Откриен е новиот Renault Clio RS - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Откриен е новиот Renault Clio RS
03.10.2012

Со нетрпение очекуваната жешка изведба на новиот Clio ја доживеа премиерата во Париз и најави дека на фановите желни за полно спортско доживување во мал формат ќе има понуди несeкојдневно искуство.

renault-clio-rs-edc-1-2012-1

Како што се најавуваше навиениот бензинец од 2.0 литри кој најголемата моќност од 203 КС ја остваруваше при високи 7.200 врт/мин е заменет со турбо од 1.6 литри кој испорачува 200 КС при пониски 6.000 врт/мин.

Иако се врти помалку новиот мотор турка повеќе бидејќи испорачува вртежен момент од 240 Nm меѓу 1.750 и 5.600 врт/мин. Тоа се 25 Nm повеќе од 2.0 литарецот чии 215 Nm се остваруваа при 5.400 врт/мин.

Моторот познат од други модели на Renault и на Nissan добил низа подобрувања од експертите на Renault Sport како варијабилно управување со вентили, брегови на брегасти вратила прекриени со специјален филм кој по кристалната решетка наликува на дијамант и е екстремно тврд и со низок отпор при тркалање.

Ова решение е доведено директно од програмата на Renault во Формула 1, плус инженерите се погрижиле за создавање на посебен издув кој до увото испраќа дизајниран звук што наежува.

renault-clio-rs-edc-2-2012-1

Силината се испраќа кон предните тркала преку менувачот на Renault со две спојки и шест степени на пренос EDC. Менувањето оди автоматски или рачно со палки зад волан, а менувачот поседува и тркачки режим на работа наречен Race.

Кога ќе се избере овој режим менувањето на степените оди рачно и се случува за мисловно куси 150 милисекунди. Механиката во Renault Clio RS има два режими на работа Normal и Sport кои се избираат со притискање на копче.

Овие режими влијаат на работата на моторот, менувачот, чувствителноста на управувањето, педалот за гас и сопирачките. Воедно Clio RS како и до сега се нуди со два типа на шасија, стандардна Sport и спортска Cup. Во споредба со стандардната шасија Cup е поцврста за 15% и е пониска за 5 mm.

Сериски Clio RS е поставен на бандажи од лесен метал од 17 инчи, додека како опција се нудат бандажи од 18 инчи. Renault сеуште не ги открива перформансите иако се очекува дека тркачот лови темпо од 100 km/h за 6,5 секудни.

renault-clio-rs-edc-3-2012-1

Во бруталниот старт му помага и опционалниот систем за лансирање, или подобро забрзување од место - Launch Control. Задржувањето на оваа мала ракета оди преку масивните предни сопирачки од 320 mm.

Што се однесува до уредувањето тоа е комбинација на лукзус и спорт со спортски седишта преслечени во кожа, спортски волан и педали кои се надополнуваат на богатата опременост со информацискиот систем R-Link со пристап на интернет.

Дизајнот пак неоддоливо потсетува на болид од Формула 1 со вкомпонирано крило во предниот браник и масивен дифузор во задниот браник во чии краеви се поставени двата издувни топа. Цени сеуште нема. Ќе бидат објавени за околу 6 месеци.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat