Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Официјално: Astra GTC OPC - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Официјално: Astra GTC OPC
07.11.2011

Најжешката сериски произведена Opel Astra на сите времиња под хауба ќе пакува моќни 280 коњски сили кои ќе се испраќаат на предна оска и гордо ќе ја носи ознаката на фабричкиoт тјунер OPC.

opel-astra-gtc-opc-1-2011-1

Opel одлучи да ги прикаже првите официјални фотографии и информации за лутата верзија на Astra со три врати, моделот GTC OPC со која сака да стане лидер во сегментот на спортски компакти.

Моќните 280 КС и мрсниот вртежен момент од 400 Nm се извлечени од четирите цилиндри на 2.0 литарскиот бензинец со турбо натполнење и директно вшприцување на горивото.

Моторот е спарен со шест степен мануелен менувач, а вртежниот момент кон предните тркала го испраќа преку самозаклучувачки диференцијал кој успева без проблеми со тракцијата да го пренесе на подлога.

Максималната брзина на Astra GTC OPC оди до 250 km/h, но од Opel за сега молчат за вредноста на забрзувањето од нула до 100 km/h. Затоа брзаат да се пофалат дека моделот носи специјално скроена шасија која долго време е фино дотерувана вртејќи кругови на патеката Нирбугринг.

Шасијата во основа е познатиот систем на Opel, FlexRide и за во Astra GTC OPC има три модуси на работа Normal, Sport и OPC и секој од нив влијае на одзивот на моторот на педалот за гас, на управувањето и на суспензијата.

Кога се во прашање сопирачките инженерите на OPC не сакале да измислуваат топла вода и затоа се обратиле до Brembo. Напред работат вентилирани и бушени дискови кои ги зафаќаат четири клипни сопирачки клешти.

Што се однесува до визуелниот настап тој е скроен според динамичките моќности на Astra GTC OPC. Нови се браниците, предниот со спојлер, задниот со дифузор, нагласени се праговите, поставено е поголем спјолер на кровот, а издувот завршува со два трапезоидни отвори во аглите на браникот.

Спортската тема продолжува и внатре со спортски седишта, модификувани инструменти, спортски волан и спортски падали. Стартот на продажбата ќе биде в година, а светската премиера треба да се случи на салонот во Женева.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat