Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Официјално претставен VW Up! - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Официјално претставен VW Up!
23.08.2011

Сепак, се случи! Согласно ветувањето дадено во месец јуни Volkswagen вчера вечер официјално ја претстави сериска верзија на микро автомобилот Up! чија премиера ќе биде во Франкфурт.

vw-up-official-1-2011-1

Автомобилот кој како идеја првпат беше прикажан во 2007 година, после четири години развој ќе се појави на пазарите во Европа во декември годинава. Up! e позициониран под Polo, има три врати и четири места за седење.

Како што велат од VW се oдликува со просторна и функционална кабина која е сместена во должина од 3,54 метри, ширина од 1,64 метри, висина од 1,48 метри и е растегната меѓу меѓуоскино растојание од 2,42 метри.

Во Volkswagen сметаат дека Up! е идеолошки наследник на легендарната „Буба”. И, како што Beetle го демократизираше возењето во 1950-те години, така, Up! треба да го демократизира возењето во иднина.

Токму затоа Up! се нуди со три нивоа на опременост. Првото, односно основно ниво на опременост е Take Up!, средното ниво го носи името Move Up! и третото и највисоко ниво на опременост е наречено High Up!.

Заедно со Up! ќе дебитира и новата генерација на бензински мотори на VW. Станува збор за три цилиндарец со зафатнина од 1.0 литри кој се нуди и со технологија BlueMotion која вклучува и систем Start&Stop.

vw-up-official-2-2011-1

Во ваква конфугурација е обезбедена просечна потрошувачка од 4,2 l/100 km кај изведбата со 60 КС и 4,3 l/100 km кај помоќната изведба од 75 КС. И двете бензински изведби имаат емисија на СО2 пониска од 100 g/km.

Тука е и изведбата која работи на компримиран придоден гас. Таа ослободува 68 КС и во комбинација со технологијата BlueMotion во просек троши 3,2 kg/100 km CNG со емисија на СО2 од само 86 g/km.

Кон трите изведби ќе се придружи и електрична која на сцена пристигнува во 2013 година. Важна ставка во безбедносната опрема е опционалниот систем City Emergency Braking кој сам сопира при брзини помали од 30 km/h.

Овој систем за нагло сопирање во град во итни случаи автоматски ја активира полната сила на сопирачките кога сензорот ќе забележи дека постои ризик од неизбежен судар. Така ја намалува штетата, а може и целосно да избегне судар.

VW Up! е единствениот автомобил во сегментот кој го нуди овој систем како опција. Багажникот на Up! има волумен од 251 литри и се смета за најголем во класата, а истиот може да нарасне до серизони 951 литри.

vw-up-official-3-2011-1

Ентериерот е едноставен и функционален. Во зависност од нивото на опременост арматурата може да биде обоена во една од петте бои на каросеријата, или во декоративна боја по избор.

Исто така прв во сегментот Up! нуди преносен информациско-забавен уред, или PID – Portable Infotainment Device. Овој систем без оглед на високата технологија која ја користи е направен за да биде економски пристапен.

Toj ги обединува навигацијата, телефонот, информативниот систем на возилото и системот за забава. Сопственикот едноставно го поставува PID над централната конзола и преку неговиот екран осетлив на допир управува со функциите на Up!.

Екранот од течни кристали користи и како визуелен дисплеј на кого се прикажува сликата од пилотот за паркирање ParkPilot и овозможува визуелна контролата врз возилото во тесни места и со што го олеснува паркирањето.

Цената за сега останува непозната.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat