Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Opel им се враќа на тркачките корени - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Opel им се враќа на тркачките корени
22.11.2012

Раководството на Opel одлучи марката да му се врати мотоспортот со два нови модели. Влегувањето во светот на релито ќе биде со Adam Cup, а на трките на издржливост со Astra OPC Cup.

opel-adam-cup-1-2012-1

Спортската агенда на Opel почнува од следната сезона 2013. Малечкиот Adam Cup е подготвен според R2 правилата на FIA кои важат за рели автомобили со погон на предна оска.

Adam Cup в година своето патешествие на рели патеките ќе го започне на релито ADAC Opel Rally Cup кое се вози во склоп на серијата ADAC Rally Masters. Планот на Opel е да се натпреварува на домашните релија до 2016 година.

Во текот на овие три години компанијата ќе ги поддржува младите возачи од кои најталентираните потоа ќе се натпреваруваат на меѓународно ниво, но не со Adam Cup туку со новата генерација на Corsa.

На другата страна ѕирка Opel Astra OPC Cup која е создадена за да ниже успеси во шампионатот VLN Endurance каде најинтересен и најважен настан е трката на издржливост 24 часа Нирбургринг.

opel-ascona-a-1974-1-2012-1

Секако светот на мотоспортот не е странец за Opel. Марката нижеше успеси на тркалиштата во 1970-те, 1980-те и 1990-те години. Ќе останат запаметени Ascona A и Ascona B кои го освоија европскиот шампионат во 1974 и 1979 година.

Успехот станува уште поголем во 1982 година кога легендарната Ascona В 400 станува светски шампион меѓу сериските модификувани автомобили. Во 1993 Мануел Ројтер одушевува зад волан на Calibra V6 во DTM.

Понатаму остануваат запаметени конструкторската титула во DTM и ITC во 1998 година со Vectra и победата на 24 часа Нирбургринг во 2003 година со Astra V8 Coupe.

Opel Adam Cup

Opel Astra OPC Cup

Најголемите спортисти на Opel

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat