Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Освојувачкиот карактер на Ibiza Cupra - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Освојувачкиот карактер на Ibiza Cupra
08.11.2012

По обновувањето на Ibiza, Seat ја претставува и нејзината најмоќна изведба Cupra која го следи ликот претставен со истоимениот концепт кого го оправдува со 180 КС извлечени од 1.4 литарскиот TSI.

seat-ibiza-cupra-1-2012-2

Моќноста останува иста како и кај претходникот, она што плени е новиот уште поагресивен стајлинг кој ја претвора Ibiza Cupra во најдинамичкиот пакет во својот сегмент.

Потпомогнат од турбо полнач 1.4 литарецот покрај 180 КС испорачува и вртежен момент од 250 Nm со чија помош Cupra стигнува до 100 km/h за 6,9 секунди и вози до максимални 228 km/h.

Менувачот со две спојки и седум степени на пренос DSG покрај перформансите ја подобрува и потрошувачката која просечно не минува 5,9 l/100 km. Додека електронски заклучувач на диференцијалот XDS се грижи за подобра тракција.

Новиот лик на Ibiza Cupra плени подеднакво како и перформансите. Агресивната предница со остри линии ја потполнуваат подеднакво острите предни светла со светлечки диоди.

Тука се и леснометалните бандажи од 17 инчи со оригинален дизајн и задниот браник со интегриран дифузор во кого на средина е поставена издувната цевка со трапезоиден облик.

Кабината ја красат спортски седишта преслечени во кожа и новиот информациски систем којшто ги интегрира функциите на навигацијата, телефонот, системите на автомобилот и аудиото.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat