Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Panda доби погон 4х4 - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Panda доби погон 4х4
12.09.2012

Од појавувањето на новата Panda вљубениците во овој култен модел на Fiat со нетрпение ја очекуваа изведбата со погон на четири тркала преку која всушност и се прослави малечкото од Торино.

fiat-panda-4x4-1-2012-1

Во Fiat одлучиле новата генерација на Panda со погон на четири тркала да ја најават со суперлативот Super Panda која асоцира на моќник способен да се справи со сите прилики на пат и надвор од него.

Сепак моделот ќе ја носи својата оригинална ознака Panda 4x4 што и оди на рака со оглед на фактот дека е единствен модел во својата класа со погон на четири тркала кој може да се носи со многу поголеми теренци.

Под хауба работат два мотори или дизелот Multijet од 1.3 литри со 75 КС, или TwinAir кој од два цилиндри со помош на турбо натполнење извлекува 85 КС. Менувачот има шест степени со кус прв степен как замена за редуктор.

Погонот е постојан на четири тркала со електронски управуван централен диференцијал кој го распоредува вртежниот момент еднакво на секо тркало зависно од нивото на тракција.

Сериски доаѓа и електронскиот заклучувач на диференцијал ELD кој обезбедува дополнителна асистенција во екстремно лизгави услови како снег, мраз, кал и слично.

ELD работи преку контролирано сопирање на тркалото кое пролизгува повеќе од останатите или има полоша тракција и го префрла вртежниот момент кон тркалата кои имаат подобар контакт со подлогата.

Визуелно Panda 4x4 се разликува од обичниот модел по заштитната пластика која го обвива долниот дел од каросеријата, металните заштити напред и одзади и по повисокиот клиренс.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat