Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Помоќен и побесен Е63 AMG - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Помоќен и побесен Е63 AMG
11.01.2013

Мина само еден ден откако се појави првата фотографија од новиот моќник на Mercedes, E63 AMG, кој фрла сенка врз конкурентите Audi RS6 Avant и BMW M5, а се нуди и во варијанта како комби.

mercedes-e63-amg-1-2013-1

Беснотилаков што доаѓа од работилницата на фабричкиот тјунер на Mercedes во Афалтербах го влечат моќни 557 КС при 5.500 врт/мин и мрсни 720 Nm кои стојат на располагање меѓу 1.750 и 5.250 врт/мин.

Тие се доволни за спринт на седанот од место до 100 km/h за 4,2 секунди кога туркаат задните тркала. Кога влечат сите четири тркала преку погонот 4Мatic времето за спринт од 0 до 100 km/h се скусува на 3,7 секунди или 3,8 кај комбито.

За истата операција на Audi RS6 Avant му требаат 3,9 секунди, а на BMW M5 4,4 секунди. Тука не застануваат беснотилаците на Е63 AMG. Ултимативната верзија Е63 AMG 4Matic S-Model сето тоа го прави уште подобро.

Кај неа 5.5 литарскиот V8 битурбо e навиен на опасни 585 КС и 800 Nm кои го катапултираат седанот до темпо 100 за 3,6 секунди, а комбито за 3,7 секунди. Независно од изведбата максималната брзина секогаш е ограничена на 250 km/h.

Интересно комби изведбата на E63 AMG се нуди само со погон на четири тркала. 4Matic обезбедува распределба на вртежниот момент предна/задна оска 33 спрема 67% и кај моќникот S-Model има самозаклучувачки заден дифренецијал.

Сопирачката сила доаѓа од вентилирачки и бушени дискови од 360 mm на двете оски кои напред ги зафаќаат шест клипни, а назад четири клипни клешти. S-Model може да се нарача со карбон-керамички дискови од дури 402 mm.

Стои на леснометални бандажи од 18 инчи обуени во гуми 255/40 напред и 285/35 назад или на бандажи од 19 инчи со гуми 255/35 напред и 285/30 назад. Цените ќе бидат објавени дополнително пред стартот на продажбите во април.


 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat