Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Пристигна Fiat 500L
31.05.2013

Функционална, способна и кул е новата ѕвезда на италијанската легенда Fiat 500. Погодувате станува збор за нејзината долга верзија 500L која со нетрпение се очекуваше и конечно пристигна кај нас.

fiat-500-l-1-2013-1

Нема двојби дека 500L е спој на единствениот стил на Fiat и на функционалниот дизајн кој под мотото ефикасност во креирање на просторот излегува од она што се нарекува конвенционалност на секојдневието.

Буквата L е синтеза на три важни постулати од кои произлегува 500L: Large – за големина на просторот, Light – за лесната градба, штедливоста и заштитата на животната средина и Loft – за амбиент во кого се живее задоволно – исполнето.

Затоа во должина од 4,15 m, ширина од 1,78 m, висина од 1,66 m и растојание меѓу оските од 2,61 m, Fiat 500L може да смести 5 патници високи по 2 метри заедно со нивниот комплетен багаж.

Кому му треба повеќе товарен простор, ги преклопува задните одвоени седишта со помош на функцијата Fold&Tumble и добива рамен под, а ако се преклопи и потпирачот на совозачкото седиште тогаш во 500L собира предмет долг 2,4 метри.

fiat-500-l-2-2013-1

Системот Cargo Magic Space дозволу поделба на багажникот во три нивоа со што при транспорт можат да се одделат тврди од кршливи предмети, или мокри од суви, или пак, чисти од валкани.

Под хауба работат познатите и проверени мотори на Fiat. Бензинецот Fire од 1.4 литри со 95 КС, турбото со два цилиндри од 0.9 литри TwinAir кое испорачува 105 КС и дизелот 1.3 Multijet 2 со своите 85 КС.

Она што одушевува е технологијата со која е наполнет како системот Eco Drive кој учи како да се вози поштедливо, а сега неговите параметри можат да се прегледуваат и на екранот од течни кристали од 5 инчи.

Преку него се управува со новиот мултимедијален систем Uconnect со можност за целосна интеграција на смартфон и користење на благодетите на технологијата која овозможува да се биде во постојан контакт со светот.

fiat-500-l-3-2013-1

Оние што ќе сакаат повеќе ќе можат да добијат вистински кафемат за правење Espresso прв ваков вграден во еден автомобил. Тој е создаден во соработка со Lavazza и користи технологија со капсули `A Modo Mio`.

Љубителите на квалитетен звук ќе уживаат во аудиото создаден од Beats Audio кое користи нов алгоритам за висока дефиниција креиран од основачите на компанијата славниот Dr.Dre и дискографскиот продуцентот Џими Ловин.

Fiat 500L доаѓа во четири нивоа на опременост: Pop, Popstar, Easy и Longe, a уште во основното се добиваат елементи како ESP, ASR, 6 воздушни перници, клима уред, електричен пакет, прилаголиво дно на багажникот cargo-box итн.

Лансирањето на 500L е проследено и со промотивни цени кои одговараат на овој премиум продукт на Fiat. Па така цената на 1.4 Pop стартува од 12.990 евра, дизелот 1.3 МЈet Pop чини од 14.590 евра, а 0.9 TwinAir Pop од 15.490 евра.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat