Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Пристигна Mercedes А45 AMG Edition 1 - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Пристигна Mercedes А45 AMG Edition 1
01.11.2013

Најмоќниот четирицилиндричен мотор на светот кој испорачува ниту повеќе, ниту помалку, туку точно 360 КС и е спакуван под хаубата на Mercedes А45 AMG Edition 1 пристигна во Македонија.

mercedes-a45-amg-edtition-1-mkd-1-2013-1

А45 AMG Edition 1 е парче автомобил од ограничената серија на Mercedes и е скроен според вкусот на оние октански зависници кои сакаат многу коњски сили под хауба, но и сакаат да уживаат во врвен дизајн.

Што е поважно за оние кои уживаат во брзината, убавината и експресните спринтови е што овој А45 AMG Edition 1 е единствен како кај нас така и во регионот и за него постои посебна процедура на нарачка.

Затоа и испораката трае неколку месеци. Моторот се изработува рачно од специјалистите за мотори во AMG каде се направени и останатите доработки потребни за да се задржи моќната ергела на пат.

Моторот на AMG од 2.0 литари со помош на турбо натполнење испорачува 360 КС при 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 450 Nm расположиви меѓу 2.250 и 5.000 врт/мин. Максималниот број на вртежи е ограничен на 6.700.

mercedes-a45-amg-edtition-1-mkd-1-2013-2

Моторот со сува тежина од 148 kg остварува специфична моќност од дури 181 КС на 1 литар зафатнина кои со право го претвораат во најмоќен четирицилиндарец, а А45 AMG Edition 1 во најмоќниот сериски компакт на светот.

Спринтот до 100 km/h е скусен на застрашувачки 4,6 секунди, а крајната брзина вообичаено за Mercedes е ограничена на 250 km/h. Згора просечната потрошувачка се движи меѓу 6,9 и 7,1 l/100 km.

Услови за откривање на големи задоволства кои како и секое задоволство чинат.  Цената на А45 AMG Edition 1 почнува од безмалку 52.000 евра.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat