Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Пристигна освежената Ibiza - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Пристигна освежената Ibiza
20.07.2012

Освежената Seat Ibiza пристигна во Македонија и продолжува со својот поход во освојување на младата публика во што ќе и помогнат новите стилски детали кои ја прават попривлечна од било кога.

seat-ibiza_-redizajn-1-2012-1

Она што од прва паѓа во око се новите аглести предни светла кои заедно со поголемиот модел Leon го најавуваат новиот дизајнерски јазик на Seat. Тие одлично се совпаѓаат со генералниот облик на каросеријата во сите варијанти.

Без оглед дали станува збор за верзијата на Ibiza со пет врати, за купето со три врати Ibiza SC, или пак за комбито Ibiza ST. Забележливи се и новиот преден и заден браник како и новата оптика на задните светла.

Внатре Ibiza нуди нови подобрени материјали со нов дезен. Дизајнерите се потрудиле да ја подобрат практичноста на фиоката пред совозачот, но успеале да нацртаат и нови леснометални бандажи и да измешаат нови посвежи бои.

Проверената техниката останува. Основа во понудата е економичниот 1.2 литарскиот бензинец со 60 КС. Тука е и неговиот дизелски пандан 1.2 TDI кој во просек троши само 3,8 l/100 km.

Во средина на моторната понуда се трубо бенинецот 1.2 TSI со 105 КС кој во верзијата Ecomotive со систем Start/Stop во просек минува со 4,9 l/100 km и дизелот 1.6 TDI со 90 и 105 КС.

Врвот е загарантиран за моделот FR под чија хауба работи 1.4 литарскиот турбо бензинец TSI кој испорачува 150 КС, спарен со менувачот DSG со 7 степени на пренос и ја турка Ibiza до 100 km/h за 7,6 секунди.

Негов дизелски пандан е 2.0 TDI со 143 КС кој успева од место да улови темпо 100 за 8,2 секунди, да вози со максимални 210 km/h и притоа просечно да потроши само 4.6 l/100 km.

Нема сомневање дека Ibiza е важен модел во понудат на Seat и воедно е модел кој во Европа има најмлада публика. Кај нас стартува со цена од 10.170 евра.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat