Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Прв приказ од новиот Freelander - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Прв приказ од новиот Freelander
18.06.2013

Land Rover со новата генерација на Freelander дизајнерски се доближува до актуелниот хит Evoque и влева големи надежи во новакот кој на пазарот би пристигнал во 2015 година.

land-rover-freelander-nov-1-2013-1

Големата популарност на најновото модернизирано издание на Freelander кое во првите пет месеци од 2013 година забележало раст на продажбите од 36% во споредба со истиот период лани ги натерало одговорните да дадат зелено светло за развој ан уште подобар модел.

Затоа новата генерација ќе биде технолошки понапредна и ќе биде изградена од полесни, а поиздржливи материјали како што е новата генерација на Range Rover и на Range Rover Sport.

Кабината исто така ќе профитира од модерната технологија со која постоечките копчиња ќе бидат заменети со екран осетлив на допир преку кого ќе се управува со функциите и со мултимедијалниот систем на спортскиот теренец.

Под хауба ќе работи нова генерација на мотори кои ќе се произведуваат во новата фабрика за мотори на Land Rover во Волверхемптон, Велика Британија во која компанијата инвестира 500 милиони фунти.

Погонот ќе биде на четири тркала преку петата генерација на вискозната спојка на Haldex која ќе биде контролирана од системот на марката Terrain Response 2 кого го користaт сите модели на марката освен тврдокорниот Defender.

Покрај основата верзија со 5 места ќе се нуди и подолга изведба со 7 места за седење која пред се ќе биде наменета за пазарот во САД. Иако дизајнерски ќе наликува на Evoque во Land Rover не се грижат за појавата на канибализам.

Имено Freelander ќе биде за околу 5.000 фунти поевтин од Evoque. Воедно зголемената побраувачка на SUV модели на глобално ниво влева дополнителна доверба.

Експертите проценуваат дека до 2020 година продажбата на SUV од сегашните 14 милиони ќе достигне 22 милиони примероци глобално.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat