Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Range Rover Sport во полн налет - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Range Rover Sport во полн налет
29.03.2013

Land Rover со голема помпа ја претстави новата генерација на теренецот Range Rover Sport за кого вели дека е најбрзиот, и модел со најдобри динамички карактеристики во историјата на марката.

range-rover-sport-1-2013-1

Најзначајниот напредок како и кај неговиот поголем и полуксузен брат Range Rover е намалувањето на тежината за добри 500 kg во однос на претходникот благодарение на конструкцијата која е целосно од алуминиум.

Под хауба работат бензинците 3.0 V6 и 5.0 V8 и двата опремени со механички компресор и навиени на 340 КС, односно на 510 КС. Кај моќникот спринтот до 100 km/h се скусен на 5 секунди, а на V6 му требаат 5,5 секунди.

И кај дизелите опцијата е V6 и V8. Помалиот има 3.0 литри и испорачува 258 КС, а поголемиот 4.4 литри и нуди 339 КС. Спринтот до 100 km/h кај нив е сведен на 7,1, односно 6,9 секунди. Сите мотори се спарени со осум степениот автоматик на ZF кој вртежниот момент го испраќа со сите четири тркала.

range-rover-sport-2-2013-1

Суспензијата и припаѓа на петата генерација на воздушно потпирање кое е во можност да го подигне клиренсот на Range Rover Sport на 285 mm или 58 mm повеќе од претходно за полесно совладување на препреки на терен.

Важен податок за тврдокорните кои нема да го жалат на терен е можноста за совладување на водена препрека до 85 сантиметри без дополнителни подготовки. Досега таа бројка изнесуваше 70 сантиметри.

Во таа насока оди изборот на погон. Има две опции. Помеката е погон на четири тркала со Torsen диференцијал кој го распределува вртежниот момент 42:50 во корист на задната оска за подобра возна динамика.

range-rover-sport-3-2013-1

Овој погон е 18 kg полесен од вториата опција. Класичен централен диференцијал со редуктор кој го распределува вртежниот момент рамномерно 50:50 кон двете оски и има можност за заклучување.

Главна новина во кабината е третиот ред седишта кој се добива со доплата. Тие се креваат и спуштаат електрично. Иако има трет ред седишта во кабината не е тесно. На задната клупа има за 24 mm повеќе место за нозе, долг на поголемото меѓуоксино растојание за 78 mm и поголемата должина за 62 mm.

На високо ниво е и безбедносната опрема со систем кој препознава патни знаци, скенира мртви агли, паркира сам, одржува растојание од возилото напред и по потреба сам сопира до застанување.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat