Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Реакција на КА-ДИС за поништена лицитација - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 414

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 414
Реакција на КА-ДИС за поништена лицитација
03.09.2012

Застапинкот на Seat во Македонија, компанијата КА-ДИС испраќа писмена реакција на (Аргументацијата за поништување на електронската лицитација) која ја пренесуваме во целост.

seat-leon-1-2012-2

Аргументацијата за поништување на електронската лицитација е „смешна”!

Објаснувањето дека е нападната апликацијата на истиот сервер, а со тоа е намален и протокот на системот, е комплетно непрофесионална од причина што на истиот сервер може да има десет апликации и онаа што е нападната да не функционира, но тоа не може да изврши влијание на останатите апликации на серверот и притоа да го намали протокот.

Ова е анализа на повеќе високо стручни соработици од IT секторот во и надвор од Република Македонија. Воедно нашата компанија во тој период наддаваше со конкурентите Аутомакедонија и Порше Македонија што се гледа и во јавното наддавање.

Со ова поништување сериозно е загрозен системот за јавни набавки во РМ како и правото во државата. Затоа,ќе ги употребиме сите правни мерки против оваа брза одлука за поништување на најрегуларната лицитација. Со ова поништување на лицитацијата, Бирото за јавни набавки го прегази целиот електронски систем за јавни набавки и ги прогласи сите електронски лицитации за невалидни, а со тоа ја доведе во прашање транспарентноста на постапките и целта на своето постоење, што значи дека треба да се вратиме назад на физичка лицитација од пред 15 години. Ова е веќе втор пат да се поништува набавката каде што речиси двапати бевме добитници.

Дали медиумскиот притисок од страна на еден од учесниците успеа да ги заобиколи сите законски регулативи и процедури и да го натера Бирото за јавни набавки без жалба сам да си најде наводната "грешка”? Доколку оваа одлука остане непроменета не само што ќе претставува преседан, туку ќе ги поучи идните учесници на тендерите како да ги поништуваат. КА-ДИС е една од ретките македоски компании основана пред 22 години составена од професионален и стручен кадар и нема да дозволи оваа одлука да помине туку така. Ќе ги превземеме сите правни мерки и ќе побараме привремена забрана за електронска лицитација до понатамошно разрешување на овој случај.

Со почит

Тимот на КА-ДИС

Во прилог КА-ДИС испраќа извадок од известувањето на Бирото за јавни набавки и аргументација со техничка анализа за наддавањето од страна на стручен софтверски тим.

Прилог кон ПР известувањето со аргументација и техничка анализа за наддавањето

Во соопштението на Бирото за јавни набавки се вели:

„На нашето барање од страна на компанијата во чии простории се хостира опремата на ЕСЈН е констатирано дека во периодот околу 12.15 часот е откриен DDOS-напад до друга апликација, која се хостира кај истиот сервис-провајдер каде што се хостира и ЕСЈН. Поради заедничките ресурси што ги делат одредени колокациски сервери во истиот податочен центар овој напад резултирал со загуба на пакети и намалена достапност на повеќе сервиси меѓу кои и сервисот на ЕСЈН во периодот од 12.15 до 13.20 часот. Тоа значи дека во овој период достапноста на Електронскиот систем за јавни набавки била намалена. Имајќи го предвид горенаведеното, а поради природата и динамичноста на електронските аукции се јавиле проблеми со достапност, пристап и освежување на податоците на ЕСЈН, а со тоа понудувачите биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата."

Според горенаведеното известување, дека има DDOS напад на друга апликација на истиот сервер каде што се хостира и апликацијата за ЕСЈН. Вообичана пракса за хостирање на web апликациите е тие да бидат хостирани во различни апликациски простори (Application Pool), и доколку едниот Application pool (тој што е нападнат) не работи, тогаш останатите апликации ќе работат, т.е. тие се независни една од друга. Неработењето на една апликација нема да влијае врз другите апликации.

Се поставува прашање како тогаш членовите на комисијата за јавна набавка од страна на набавувачот можеле непречено да работат на апликацијата. Зошто тие не пријавиле веднаш ако имаат проблеми со апликацијата, најверојатно немале, а само Порше имале проблеми? Ако завршила аукцијата и комисијата донела одлука за најповолен понудувач, тогаш на кој треба повеќе да му се верува, дали на комисијата или на серверски логови кои што можат да бидат модифицирани. И како ќе докажат дека апликацијата за ЕСЈН била недостапна, со кој документ, со чија изјава.

И нормално дека ЕСЈН имаат инсталирано софистицирани firewall уреди кои штоимаат систем за превенција и заштита од компјутерски напади (Intrusion preventing and protecting system).

Ако од ЕСЈН сакаат да ја поништат постапката заради недостапност на системотпоради хакерски напад на нивни сервери, дали тогаш треба да се поништуваат и постапки за наддавња ако и економските оператори (од било какви причини) имаат пробелми со недостапност до системот на ЕСЈН ако немаат интернет или слично.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat